Во организација на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ од Торонто, на 19-ти март 2023 година, се одржаа промоции на делата: „An American Son of Macedonia – Aмерикански син на Македонија“, Лу Влашо, од Нејплс, Флорида, САД, „Творештвото на Славе Катин“ на Душан Ристевски-Македон од Сиднеј, Австралија и „Силјан Мицевски“ на Славе Катин од Македонија
Овој културен наста се одржа во Катедралната македонската православна црква “Свети Климент Охридски” во Торонто, Канада. Настанот го отвори Борис Стоикос, претседател на црквата „Св. Климен Охридски, а го благословија свештениците Јован Босеовски и Александар Тодоровски. Програмата ја водеше естрадниот уметник и главен и одговорен уредник на весникот „Македонија“ од Торонто, Соња Лозановска. За монорафијата „ An American Son of Macedonia – Американски син на Македонија“ зборуваше на англиски Мери Отоу (Mary Outow), претседател на организацијата „Обединета македонска дијаспора“ (ОМД) од Вашингтон, (САД), за Канада, а на македонски публикацијата ја претстави Славе Катин. Делото „Творештвото на Славе Катин“, пак, го претставиЗоран Карапанчев., претседател на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“, кое е културна секција на Катедралната македонска црква „Св. Климент Охридски“ од Торонто, потоа, за ликот и делото на Славе Катин зборуваше Драгица Димовска, уредник и водител на радио часот „Обединета Македонија“ од Торонто, а монографијата „Силјан Мицевски“ ја претстави Славе Катин, публицист од Скопје.
Во своето излагање за луксузната публикација „An American Son of Macedonia – Aмерикански син на Македонија“, Мери Отоу (Mary Outow), меѓу другото, рече дека делото е издание на Книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје, а излезе од печат по повод Божикните и Новогодишните празници во 2022 година, на 330 страници на англиски и македонски јазик, чии уредници се новинарката Херит Хеитаус од САД и публицистот Славе Катин од Македонија. Тоа е животна приказна за Лу Влашо, роден Американец со македонско потекло од Егејскиот дел на Македонија, познат, признат доблесен бизнисмен, како и почесен конзул на Република Македонија во Соединетите Американски Држави.
Животната приказна на семејството Влашо е многу интересна страница од мозаикот на македонскиот иселенички летопис во САД, но и во пошироките простори на северно-американскиот континент. Лу, чие македонско семејно име му е Илија, е познат активист за афирмација на македонското име, јазик, идентитет, култура и традиции во мултиетничката мапа на САД. Животната приказна на семејството Влашо, истовремено, е и скромен дел од историјата на Македонците од Егејска Македонија, на Македонците во иселеништвото, а преку него и на дедовкста татковина – Македонија.
Монографското дело „An American Son of Macedonia – Aмерикански син на Македонија“, е посветено на доблесниот Македонец, бизнисмен, истакнат хуманист и докажан донатор, духовен-посветеник и горд припадник на својот библиски род и македонската земја, Лу (Илија) Влашо. Тој е еден од првите членови на организацијата „Обединета македонска дијаспора“ од Ваингтон и се залага за афирмација на етничка Македонија Таквата угледна бизнис личност, вљубеник во американскиот и во македонскиот народот насекаде по светот и во својата татковина Македонија, секогаш го водела светата мисла да остави вечни траги за идните македонски генерации.
На крајот од излагањето, Мери Отоу (Mary Outow), потенцираше дека ние Македонците насекаде по свeтот, заедно со нашите соседни нации и држави, треба да бидеме горди што бројни факти од досегашните историски, научни, културолошки, археолошки и иселенички наоди и вистини потврдиле, дека на голем број личности со балканско, европско и светско значење, корените им се и од Македонија.
За публикацијата „Творештвото на Славе Катин“(II проширено издание) од Душан Ристевски – Македон зборуваше Зоран Карапанчев., претседателот на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“. Тој, меѓу другото, рече дека Оваа луксузна публикација е дело на македонскиот поет, драматург, публицист, основач и претседател на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“, како и познат и признат општественик во Сиднеј, Австралија, Душан Ристевски-Македон.
Таа е дело на издавачката куќа „Македонска искра“ од Скопје и Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија, а е спонзорирано од Фондацијата „Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски“ од Прилеп, Делото е отпечатено на 520 страници, на македонски и на англиски јазик, издадено во 2022 година. во печатницата „Европа 92“ од Кочани. Рецензенти на оваа монографија се проф, д-р Вера Стојчевска-Антиќ, Џорџ Атанасоски и, Александар Донски.
Второто проширено издание на делото „Творештвото на Славе Катин“ е посветено на „Наградата за животно достигнување“ (2022), за Славе Катин од организацијата „Обединетата македонска дијаспора“ (ОМД) од Вашингтон, (САД), за постигнувањата на полето на дијаспората. Оваа организација е врвна меѓународна, невладина асоцијација чија главна цел се интересите и потребите на луѓето со македонско потекло и македонските заедници ширум светот. Примарната цел на ОМД е да го обедини македонскиот народ и нивните интереси, а нејзините активностите се фокусирани кон промоција на македонско историско име и вистина, како и македонското духовно, културно и национално наследство.
Промоторите на делата
Може да се заклучи дека книгата „Творештвото на Славе Катин“ што ја подготви Душан Ристевски-Македон претставува патоказ кон обемното и значајно творештво на Славе Катин од 60 публикации, преку кои секој заинтересиран читател, денес и во иднина, ќе може да дојде до вредните дела на овој неуморен и исклучително плоден и квалитетен автор. Богатите податоци во публикацијата се овековечени за сите времиња за македонското иселеништвото, како што се: историографијата, лексикографијата, патеписите, печатот, религијата, и други области, особено од животот на иселениците,, рече Зоран Карапанчев.
За животот и делото на Славе Катин се осврна Драгица Димовска, која, меѓу другото рече дека Славе Николовски – Катин, кој е познат само како Славе Катин е голем вљубеник во својата родна Преспа и Охрид, во етничка Македонија и македонскиот народ, во Македонската православна црква – Охридска архиепископија, како и во Македонците насекаде во светот. Тој и’ е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите бројни публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно, на етничка Македонија и на животот на Македонците во дијаспората.
Славе Катин е добитник на голем број награди и признанија од бројни организации, друштва, установи, цркви и црковни општини во Република Македонија и во странство. Тој, е добитник на наградата „Крсте Петков Мисир-ков“ (1988) на Здружението на новинарите на Македонија од областа на журналистиката, „Признание за животно дело“ на 48-те Љубански илинденски иселенички средби (2021), „Повелба за животно дело“ (2022)на Пелагониските културни средби , како и „Глобална награда за животно достигнување“ (2022)на „Обединетата македонска дијаспора“ од Вашингтон, САД, за постигнувањата на полето на дијаспората.
За монографијата „Силјан Мицевски“ зборуваше авторот Славе Катин, кој, меѓу другото рече дека публикацијата се однесува на животот и делото на бизнисменот Силјан Мицевски-Циле од Битола. Таа е дело на Славе Николовски-Катин во коавторство со Ѓорѓи Лумбуровски, а е подготвена од Издавачката куќа „Македонска искра“ од Скопје, на 330 страници, на македонски јазик, во 2022 година, проследено со глем број фотографии, отпечатена во печатницата „Напредок“, во Тетово. Рецензенти на монографијата се академик Владо Камбовски, проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ и проф.д-р Ѓорѓи Михајловски.
Силјан Мицевски е првиот човек на градежното претпријатие „Пелистер“, а неговото семејство поседува близу 50 аптеки „Еурофарм“ низ цела Македонија. Поседува капитал и во повеќе компании низ Македонија што се занимаваат со градежништво. Инаку, важи за човек што со години помага во битолскиот спорт, културата, а им помогнал и на голем број битолчани. Тој е поранешен градоначалник на Општина Битола, угледен македонски стопанственик, спортски работник, поддржувач на културата, уметноста и спортот, донатор, како и почесен конзул на Република Србија во Република Македонија.
ПИШУВА: СОЊА ЛОЗАНОВСКА