– Владата којашто ја предводам и во наредниот период ќе вложи максимални напори за навреме да ја заокружиме и отворачката фаза од пристапните приговори и да овозможиме динамизирање на преговорите, порача премиерот Ковачевски.
Со оглед на ротирачкото претседателство со Советот за стабилизација и асоцијација, со овогодинешнот состанок претседава Република Северна Македонија, односно премиерот Ковачевски, а ко-претседавач од страната на Европоската Унија е високиот претставик на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел.
Во делегацијата на Северна Македонија се и заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, а во делегацијата на Европската Унија учествуваат и еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји, како и претставници на земјите членки на Европската Унија и европските институции.
Претседателот на Владата, Ковачевски, рече дека Владата работи со силен фокус на спроведувањето на неопходните реформи, особено во делот на владеењето на правото и дека продолжува посветеноста во унапредувањето на добрососедските односи преку развивањето дијалог базиран на меѓусебно почитување, во духот на европските вредности.
– Со целосна посветеност кон реформската агенда и динамизирање на процесот на преговори, Владата си постави амбициозна цел – Северна Македонија да биде потполно подготвена да ги преземе обврските од членството во Европската Унија до крајот на 2030 година, за да може да стане земја членка на ЕУ до почетокот на следниот буџетски период на Европската Унија, порача премиерот Ковачевски.
Ковачевски, исто така, рече дека бруталната инвазија на Русија врз Украина длабоко ja промени геополитичкaта реалност и нашата држава веднаш и недвосмислено се приклучи кон едногласната осуда на Европската Унија и меѓународните партнери, за неоправданата и неиспровоцираната агресија врз суверена земја и согласно своите можности, пружи хуманитарна, воена и дипломатска помош.
Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА) којашто стапи во сила на 1 април 2004 година, ја претставува рамката за спроведување на договорните односи, сѐ до приемот на Република Северна Македонија во Европската Унија.
Во тек е состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација што годинава се одржува во Скопје, во Владата на Република Северна Македонија, на којшто може да се слушне јасна поддршката од нашите пријатели од Европската Унија за следниот исчекор на нашата држава во европските интерграции. На состанокот, како што информираат од владината прес-служба, се разговара за прашања од значење на Процесот за стабилизација и асицијација, како што се усогласогласувањето со европското законодавство, билатералните односи во рамки на Спогодбата за стабилизација и асоцијација и за актуелни прашања за политичкиот контекст во регионот и во Европа.