Повеќе од 78 милиони евра се исплатени од Програмата за финансиска поддршка во земјоделство. Повеќе од половина од Програмата за 2017 е реализирана. Ова денеска го соопшти Николче Бабовски, в.д. директор на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Појасни дека е мал процентот на заостанати субвенции или минимален.
– Се работи за лица кои поднеле барање, одобрено им е барањето за субвенционирање, но се уште немаат потпишано согласнот за пребивање кон одредени институции за кои сме надлежни ние да го правиме. Најчесто тоа е закуп на земјиште спрема АД Водостопанство или Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта. И дококу лицето починало, па додека наследиците ја завршат оставинската постапка или поднеле трансакциски сметки кои се згаснати и треба повторно да ни достават нови, објасни Бабовски.
На новинарско прашање за увозот на месо, Бабовски рече дека немаат ингеренции во таа област и додаде оти тоа го води Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
– Увозите на прехранбени производи Агенцијата не ги субвенционира. Ние го субвенционираме домашното производство. Го субвенционираме колењето во кланиците на домашно произведени животни, оние кои се произведени во производните капацитети, односно фармите на Република Македонија и одат на колење во кланиците регистрирани во нашата држава, рече Бабовски.