Претседателството на ДУИ шест часа заседаваше во Мала Речица

Заврши шестчасовната средба на централното Претседателство на ДУИ, на која според членовите на партијата се зборувало најпрвин за оставката на министерот за правда Билен Саљији.

Оставката била поздравена од страна на првиот човек на ДУИ Али Ахмети, кој кажа дека оваа оставка од морални причини треба да биде пример и за сите други фунционери на оваа партија.

За време на шестчасовната средба која се одржа денеска во Мала Речица, исто така членовите партијата давале и отчет пред претседателот за сработеното во институциите досега, но и за тоа што треба да се сработи во периодот што следи.

По завршувањето средбата, ниту член не даде изјава за медиумите, иако тоа беше најавено пред почетокот на средбата.

Вицепремиерот Бујар Османи, кој е и задолжен за пренесување на ставовите на партијата, на заминување рече само дека средбата траела толку долго затоа што сите членови на Централното претседателство се обратиле пред Ахмети. Според него на состанокот не се зборувало за можни кадровски промени или нови имиња за министри или други функционери во актуелната Влада.