– Во Стаклената сала на виенскиот „Музикферајн” започнаа пробите пред светската премиера на оркестарската верзија на проектот МАКЕДОНИСИМО на Симон Трпчески и пријателите.
Аранжманот е на Пандев Шахов, а на Големата сцена на Музикферајн на 2 март од 20 часот ќе се појави добро познатиот квинтет во чиј состав покрај Симон Трпчески се и Александар Краповски, Александар Сомов, Хидан Мамудов и Влатко Нушев, како и австрискиот Тонкунстлер оркестар под диригентската палка на маестро Јутака Садо од Јапонија.