Османи ќе се обрати пред Комитетот на министри на Советот на Европа

Претседавачот со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и министер за надворешни работи Бујар Османи, денеска во Стразбур пред Комитетот на министри на Совет на Европа ќе ја презентира програмата на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ.

Министерството за надворешни работи најави дека Османи ќе има средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ-Буриќ, со која ќе разговараат за заедничката работа на ОБСЕ и Советот на Европа, во насока на воспоставување на стабилноста и безбедноста врз основа на демократијата, владеењето на правото и почитувањето на човековите права во Европа.

-Исто така, Османи ќе се осврне и на главните приоритетите на претседавањето со Северна Македонија, со акцент на воената агресија на Украина, градењето доверба и помирување, антикорупција, како и улогата на младите, најави МНР.