ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЛУ ВЛАШО – АМЕРИКАНСКИ СИН НА МАКЕДОНИЈА“
Монографското дело „Лу Влашо – американски син на Македонија“ е издание на „Македонска искра“ од Скопје, отпечатено во 2022 година, на 330 страници на англиски и македонски јазик, чии уредници се новинарката Херит Хеитаус од САД и публицистот Славе Катин од Македонија. Тоа е животна приказна за Лу (Илија) Влашо, роден Американец со македонско потекло од Егејскиот дел на Македонија, познат признат и доблесен бизнисмен во Соединетите Американски Држави
Животната приказна на семејството Влашо е многу интересна страница од мозаикот на македонскиот иселенички летопис во САД, но и во пошироките простори на северно-американскиот континент. Лу, чие македонско име е Илија, е познат активист за афирмација на македонското име, јазик, идентитет, култура и традиции во мултиетничката мапа на САД. Животната приказна на семејството Влашо, истовремено, е и скромен дел од историјата на Македонците од Егејска Македонија, на Македонците во иселеништвото, а преку него и на дедовкста татковина – Македонија.
Ние Македонците во етничка Македонија и насекаде по свeтот, заедно со нашите соседни нации и држави, треба да бидеме горди што бројни факти од досегашните историски, научни, културолошки, археолошки и иселенички наоди и вистини потврдиле, дека на голем број личности со балканско, европско и светско значење, корените им се и од Македонија.
Сето тоа треба нас Македонците да не поврзува и зближува со балканските соседни држави и нации, а не да не разделува, како што се примерите со договорите за „добрососедство“ со Грција и Бугарија, заедно со „напатствијата“ од Албанија, Заборавајќи ја eдна од најголемите христијански заповеди кoja гласи: “Сакај го ближниот како што се сакаш себе си”
Монографското дело „Лу Влашо – американски син на Македонија“ е посветено на доблесниот Македонец, бизнисмен, истакнат хуманист и докажан донатор, духовен-посветеник и горд припадник на својот библиски род и македонската земја, Лу (Илија) Влашо. Тој се залага за афирмација на етничка Македонија Таквата угледна бизнис личност, вљубеник во американскиот и во македонскиот народот насекаде по светот и во својата татковина Македонија, секогаш го водела светата мисла да остави вечни траги за идните македонски генерации.
Монографијата, главно, е наменета за идните генерации, кои се раѓаат, растат и се формираат воСАД, со цеп да нв ги заборават сопсгвените корени. Затоа овде се опфатени два века, целиот дваесетти и почетокот на дваесет и првиот век и нсторијата на семејсгвото Власхо со дадените координати во просторот и времето што таа го опфаќа.
Извори на лодатоците за книгата се Лу и Патришија Влахо, нивниге роднини и пријателм, како и бројната историска литература. Затоа со право се вели дека оваа книга, кога ќе дојде во рацете на идните американски и македонски потомци на семејството Влашо, ќе го поттикие нивниот интерес за племето стројни и горди Македонци растурени no светот.
Во продолжениего пренесуваме текстот на Лу Влашо под наслов „Животот е приказна“во кој е забележано следното:
Зошто се одлучив да ја напишам мојата приказна?
Па, се започна со моето каење што никогаш не му ги поставив на татко ми прашањата што ги имам до ден денес. Не сакав и моето семејство да го почувствува истото каење како и јас.
Сакав зад себе да оставам одговори на некои од прашањата кои Меган, Алексис, Џексон, Рајкер, Рид, Британи и оние кои ќе дојдат по нив, би можеле да ги имаат за својот дедо.
Мојот добар пријател, Зоран Костов, при еден долг разговор, одлучи дека мојата приказна, како некој кој е роден во Америка, а срцето му е во Македонија и за Македонците, би била интересна за многумина кои живеат во Македонија или во дојаспората. Тој ми зададе еден предизвик и ми рече дека би ми помогнал во секој поглед да напишам книга и да ја објавам.
Во изминатите неколку години, Славе Катин Николовски, кој има напишано безброј книги за Македонија и за Македонците, инсистираше на тоа дека мојата приказна треба да се сподели! Тој постојано ме охрабруваше да продолжам и да ја завршам книгата, особено во моменти кога ќе беше наједноставно само да престанам. Катин се согласи да напише поглавје за историјата на Македонија и да го преведе мојот текст на македонски јазик.
Верувале или не, пандемијата на Ковид-19 во 2020 година одигра голема улога во завршувањето на книгава. По неколку фрустрирачки почетоци и застои, кои јас и Зоран ги имавме со неколкумина писатели во период од 10 години, и чиишто напори навистина ги ценам, карантинот кој настана поради почетната фаза на Ковид, ми овозможи доволно време да забележам сè на што можев да се сетам.
Со денови седев разгледувајќи ги папките со настаните, слушајќи ги претходно снимените ленти и запишувајќи ги работите на хартија. Без тие документи во папките, ќе беше навистина невозможно да се сетам на поголемиот дел од моето минато. Она што на крај излезе, не беше книга, туку еден куп податоци. Но, се покажа дека тие се добра основа за оваа книга.
Се испостави дека Хариет и Џон „Чик“ Хајтхаус, кои ги познавав од Трој, исто така се најдоа во овој рај познат како Нејплс во Флорида. Се сеќавам дека бев дел од групацијата која го вработи Чик, дипломиран на Универзитетот во Синсинати, за да се приклучи на Хобарт тимот. Хариет Хауард Хајтхаус беше новинар и уредник на весникот „Трој Дејли Њуз“ (Troy Daily News), а кога се преселија во Нејплс, таа се вработи во „Нејплс Дејли Њуз (Ен-Ди-Ен) (Naples Daily News NDN)“. Кога ми беше потребен некој за моите приказни да ги преточи во читлива книга, се јавив на Хариет.
Која беше веројатноста некој кој ме познава повеќе од 50 години, кој го познава Хобарт и моите активности во Трој, а и тука, да се најде токму овде во Нејплс? Чинам, како и секогаш, бог си имал свој план.
И така, мојата приказна е документирана! Еден едноставен човек кој направил се што може за животот во сите места каде што живеел да биде малку подобро место за живеење, а особено да придонесе за Македонија и Македонците на начин на којшто тоа му го дозволувала работата и неговите односи. Поради тоа што ова е моја приказна, зборот „јас“се спомнува многу повеќе од што мене лично тоа ми се допаѓа, така што, да постигнеме нешто, каде што можевме го вклучивме „ние“.
Исто така жалам што не бев во можност да вклучам многу други детали и лица, кои требаше да бидат спомнати, но не се.
Но, бидете спокојни, сите кои одиграа некаква улога во мојот живот, ги ценам, ги спомнувам и ги сакам.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН