Министерот за надворешни работи на Чешката Република Јан Липавски денеска ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија.
Како што соопшти МНР, во фокусот на разговорите ќе биде евроинтегративниот процес на земјава и конзистентната чешка поддршка на тој план, нашето претседавање со ОБСЕ во светло на руската агресија врз Украина, актуелностите во регионот, како и билатералните односи и соработка.
Покрај средбата со Османи, Липавски ќе се сретне со претседателот на Собранието, Талат Џафери, по што ќе се одржи заедничка средба на пратениците Марек Женишек, претседател на Комисијата за надворешни работи и Ондржеј Бенишик, претседател на Комисијата за европски работи со Антонијо Милошоски, претседател на Комисијата за надворешни работи и Арбер Адеми, претседател на Комисијата за европски работи.
Шефот на чешката дипломатија ќе биде примен и од претседателот на државава Стево Пендаровски.