Бројот на жртви од земјотресот во Турција се искачи на 284

Најмалку 284 лица загинаа во Турција во земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди денеска југоисточниот дел на земјата, рече потпретседателот Фуат Октај, ажурирајќи ги претходните бројки.

Октај рече дека повеќе од 2.300 луѓе се повредени во еден од најголемите земјотреси во Турција во најмалку еден век, додавајќи дека спасувачките операции продолжуваат.

Европско медитеранскиот сеизмолошки центар денеска во Турција на границата со Сирија регистрирал дури 77 земјотреси по најсилниот чија магнитуда била 7,8 степени. Нивниот интензитет бил меѓу 3,3 и 6,7 степени според Рихтеровата скала.