МЕДИУМИТЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД СИТЕ ДЕЛОВИ НА МАКЕДОНИЈА ВО ИСЕЛЕНИШТВОТО (1)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ (ТРЕТ ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН

Книгата “Македонскиот иселенички печат” од Славе Николовски – Катин е дело на НИО „Студентски збор“, Скопје,  отпечатена во 1903 годинае на 156 страници, на македонски јазик. Ова дело се појави на резултат на долгогодишна истражувачка работа на Славе Катин во областа на печатот и новинарството и достигнувањата на македонските иселеници во прекуокеанските земји – Австралија, Канада и Соединетите Американски Држави, како и во голем број европски земји.

Делото е подготвено со цел да пополни празнината во областа на печатот на Македонците надвор од нивната татковина, за периодот од сто години (1902 до 1992 година), се’ до конституирањето на Република Македонија кога стана самостојна суверена и независна држава.  Оваа дело има исто така за цел да биде од помош за новинари, културни, историски, политички, научни и други работници кои можат да  најдат голем број податоци во врска со активностите, ентузијазмот и достигнувањата на полето на новинарството на македонски иселеници во новите средини.

Публикацијата, пак, „Македонците во Светот“ од Слааве Катин, која е во издание на книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје и Фондацијата „Џорџ Атанасоски“ од Прилеп излезе од печат во 2021 година Таа претставува значајна и своeвидна документација за одбрана на националното, духовното и културното битие на Македонецот во светот.

Ова дело  е обид да се осветли иселеничката одисеја на Македонците во САД, Канада, Европската Унија и Австралија и да се остави неизбришлива трага за нивното постоење и активности во државите во кои несебично ги вградиле своите човечки и интелектуални способности за развојот на македонската вистина во тие демократски општества. Публикацијата е отпечатена на 520 страници, на македонски јазик.

Таа, всушност, открива еден навидум познат, а, всушност, недоволно осознаен феномен на Македонците во дијаспората: способноста за нивното брзо адаптирање и интегрирање во новата средина; изостреното чувство за прифаќање на новите општествени норми и стандарди и успешното вклучување во новите економски, социјални културни и други процеси. Таквиот modus vivendi им овозможува да го свртат вниманието на тамошниот естаблишмент врз сопствените цивилизациски вредности и врз својот автентичен геокултурен автопортрет, со кој Македонецот е препознатлив, речиси, на сите меридијани. 

1iselr23

Инаку, медиумите на Македонците во иселеништвото се од посебен интерес и имаат повеќекратно значење. Нивната историја и развоен пат се бурни и многу интересни. Тие имале посебна важност и играле и играат огром­на улога во ин­­фор­мативната дејност на Македонците во новата средина. Развојниот пат на информативните гласила пред Втората светска војна се совпаѓа со раз­вој­ниот пат на македонските доселеници во САД и Канада. Во основа тоа се совпаѓало со развојот на настаните на Балканот, а уште повеќе, за­ви­се­ло од текот на настаните околу Македонија.

Најголемиот дел од доселени­ци­­те би­ле при­нудени, од економски и политички причини, да го напуштат род­­ното огниште, во потрага по мир, спокојство и материјална сигурност. Но и таму, ги следела бес­крупулозната бугарска, грчка и српска пропаганда, пре­­ди­звикувајќи заб­лу­ди, поделби и раздор во нивните редови. Тоа се гледа и на планот на ин­­фор­­мирањето, каде што токму поради недостиг на сопствен пе­чат тие чи­та­ле бу­гарски, српски, грчки, англиски и други информативни гласила.

Печатењето на весниците како гласила на Бугарите и Маке­дон­ците во Аме­рика било од причини што пред Втората светска војна, според аме­ри­кан­­ските закони, клубови, друштва и други облици на организирање и дејности мо­­­желе да основаат и да развиваат само оние националности кои биле кон­сти­­­туи­рани како држави. За тогашната американска ад­ми­нис­трација мн­о­гу по­­важно било тоа од која држава луѓето доаѓаат, отколку на која национал­ност и’ припаѓаат. За неа пресудни биле податоците во пасошите за нацио­нал­на­­та припадност.

Во тој контекст треба да се додаде и мошне го­ле­ма­­­та и крај­­но бескрупулозна грчка, српска, а особено бугарска пропаганда. Таа била мудро ширена, пришто не минувала без последици меѓу ма­ке­дон­ските до­се­ле­ници, предизвикувајќи заблуди, поделби, раздор и други не­га­тивни после­ди­­ци меѓу Македонците на северноамериканскиот континент и по­широко. И де­нес се силни бугарската, грчката и српската пропаганда, но наидуваат пот­кре­па само од одреден број Македонци, кои, за жал се добри слуги, а лоши господари.

Прололжува

1sla3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН