ВМРО-ДПМНЕ лицемерно се однесува кон законот којшто веќе еднаш го прифати, никој не е над Уставот, Иванов има должност да потпише
ВМРО-ДПМНЕ треба да смогне сили и да ги надмине политиките на лицемерие и лажен патриотизам, затоа што целата јавност знае дека опозициската партија во надеж дека ќе формира влада, веќе го прифати Законот за употреба на јазиците.
Законот за употреба на јазиците е во согласност со Уставот и Амандманот 5 донесени во 2001 година и ја унапредува употребата на сите јазици на немнозинските заедници што е во согласност со концептот на едно општество.
Ѓорге Иванов е должен да постапува според Уставот и членот 75 од Уставот и е должен да го потпише Указот за Законот за употреба на јазиците.
Ниту Иванов, ниту ВМРО-ДПМНЕ не се над Уставот и нема да успеат да внесат нови поделби во општеството. Македонија избра да оди напред како едно општество за сите граѓани.