Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска во Подгорица ќе учествува на Министерскиот состанок „САД – Јадранската повелба“ (А5), што претставува и завршна активност во рамки на црногорското претседавање со Повелбата.
Како што соопшти МНР, на состанокот е предвидено да се дискутира за стабилноста на регионот во контекст на актуелната безбедносна состојба, влијанието и последиците од руската агресија врз Украина и начините за нивно надминување.
На состанокот во Подгорица, официјачно земјава ќе го преземе претседавањето со форматот САД – Јадранска повелба.
– Нашата земја со Повелбата ќе претседава наредната година, кога се одбележува и 20- годишнината од основањето на оваа регионална организација, наведуваат од МНР.