Министерот Спасовски ја продолжува работната посета на Швајцарија

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ја продолжува дводневната работна посета на Швајцарија, во чии рамки вчера во црквата „Св. Наум Охридски” во градот Тринген имаше средба со претставници на наши иселеници.

Како што соопшти МВР, Спасовски денеска во Берн ќе има средба со швајцарската министерка за правда и полиција Карин Келер-Сутер по повод потпишувањето на меморандум за разбирање меѓу владите на Северна Македонија и Швајцарија за воспоставување на партнерство за миграција.

Спасовски вчера заедно со неговата советничка Мелехат Муфтаровска и амбасадорот на земјава во Берн, Кенан Рамадани во црквата „Св. Наум Охридски” во Тринген одржа средба со свештенството и Претседателството на Црковниот одбор и со претставници на наши сограѓани во Швајцарија.

На оваа прва средба на еден македонски министер со претставници на нашата заедница во Швајцарија по многу години, одржана под мотото „Го слушаме гласот на сите, секој еден е важен!“, Спасовски истакна дека црквата е белег на македонскиот народ, на нашата традиција, место што обединува и зближува и каде се чувствуваме како дома.

Како што информира МВР, Спасовски со нашите иселеници разговараше на повеќе теми и упати посебна благодарност до свештенството за зачувувањето на семејните и традиционални вредности и посебности на македонската култура.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *