ПОБЕДА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ НАД ПЕРСИСКИОТ ЦАР ДАРИЈ (31)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР  ВЕЛИКИ“ (МАКЕДОНСКИ) ОД

 УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН

 

Веродостојно е потврдено дека по победата повторно ги смири Платеанците со обновувањето на нивниот град, она што Филип Македонски им го вети по Херонеја. Тоа го направи затоа што нивните прадедовци ја отстапиле својата територија за потребите на античките Грци во борбата за ослободување од Персијците (479). Покрај тоа, тој испрати подароци и до Кротон во Долна Италија, бидејќи нивниот граѓанин Фаил беше единствениот антички Грк од Италија кој се бореше на страната на Елините кај Салам.

Така, Александар Македонски ја спои својата победа со древните победи на Платај и Салам и повторно го нагласи националниот панелинистички карактер на војната. Пред битката тој веќе го докажа својот близок однос со обединетите антички Грци во оваа војска.

Бидејќи јаваше сам по должината на фронтот, дојде до тесалиската и до другите коњаници на Античката грчка лига и кога тие извикаа дека треба да ги поведе против варварите, го зеде копјето во левата рака, a ja крена десната кон небото, се помоли како вистински син на Зевс, за боговите да им помогнат на Елините.

Во тој момент на силна возбуда, кога веројатно сеќавањето на поволното пророштво на Амон му ја зајакна довербата за победа, исповедта за своето право како син на Бога му дојде на усните и како син на Зевс им се помоли на боговите да им помогнат на античките Елини и на неговата војска.

He ce знае што им рече претходно на своите Македонци на десното крило и во центарот, но може да се претпостави дека не им кажал ништо за своето право како син на Бога, бидејќи тој беше син на Зевс само за античките Грци.

Од Арбела Александар Македонски ја поведе својата војска на југ кон Вавилон. Очекувајќи отпор, тој се приближи во борбен строј. Но, Мазај кој побрза од Гавгамела и дојде во Вавилон каде ја презеде командата, излезе во свечена молбена облека да го пречека Александар Македонски и му го предаде градот.

Мазај беше следен од свечена врволица составена од главните татковци на градот, меѓу кои и Багофан, командантот на тврдината, како и персиски и вавилонски свештеници и целото население кое беше наседнато по ѕидините на градот, туркајќи се од голема љубопитност да го види својот нов крал.

Тоа беше неповторлив спектакл од големо значење за историјата на светот, низ улиците украсени со цвеќиња и венци и меѓу олтарите со облаци од темјан. Александар Македонски влезе во оваа престолнина на Ориентот, која од времето на Хамураби беше душата на Исток, а сега првпат е освоена од еден западен освојувач. Александар го зазеде кралскиот дворец и сега no жестоките борби неговата војска се забавуваше во луксузните квартови на грешниот Бабел.

Co победата кај Гавгамела и со укинувањето на персиското владеење над Вавилон, Вавилонците како и Египќаните видоа во Александар Македонски свој крал и преку своите свештеници му понудија посебен суверенитет што тој го прифати. Така, тој ги обедини Вавилон и Египет со другиот дел на Азискоатичката империја.

Необичноста на оваа вавилонска монархија потекнува уште од времето на Хамураби (околу 2000-та година), кој го направи Вавилон главен град на Вавилонија, a сега Александар го присвои правото светски суверенитет над Вавилон, концепција која во третиот милениум веќе имаше значајна улога во историјата на Месопотамија.

Од времето на Хамураби постоеше Мардук, глаен Бог на Вавилон, кој заедно со престолот на Вавилон му го подари на Александар Македонски владеењето над „четирите страни на Земјината топка”, а тој сам се сметаше за законски крал кој на новоголишниот фестивал му ги стисна рацете на Мардук во храмот. Оваа традиција беше исполнувана од сите претходни династии и од Кирус пронаоѓачот на ахеменидското борбено постројување.

Дарие I, чиј суверенитет му беше доделен од Ахурамазда, според неговите сопствени документи, беше исто така крал на Вавилон, крал на земјата, како што се вели во вавилонските текстови. Така, востанието на Тарзија (479) го загуши неговиот син Ксеркс со оваа традиција

Тој го уништи храмот на Мардук (Есагила), го зеде тој имиџ и му стави крај на засебното кралство на Вавилон, а Ахеменидите никогаш потоа не назначуваа кралеви на Вавилон.

Посебната позиција на Вавилон беше прво обновена од Александар Македонски. Co цел што подобро да се запознае со религиозните чувства на новопотчинетите, како што го направи и во Египет, а особено да се постави добро со свештениците, погрешно ги нарече Халдејците како антички Грци и Романи. По влегувањето нареди да се обноват храмовите уништени од Ксеркс, а особено храмот на Мардук.

Притоа настојуваше да се остварат желбите на свештениците и, како што забележа Ари-јан, приложи жртва на Мардук според нивните церемонии. Тоа беше кралско принесување на жртва, што Тирјанците не дозволија да го направи во нивниот град.

 

Продолжува

 

 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН