Проштална средба Османи – Брнз: Конзистентна американска поддршка за демократскиот развој и патот кон ЕУ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска, одржа проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави Кејт Мари Брнз.

Како што соопшти МНР, средбата се реализираше на 27-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Северна Македонија и САД, што претставуваше убава прилика да се поздрават многуте заеднички успеси и достигнувања низ годините, со посебен акцент на партнерството во рамки на НАТО Алијансата и неодамна одржаниот Стратешки дијалог меѓу двете земји.

-Министерот Османи се заблагодари за активниот и континуиран ангажман на амбасадорката Брнз во насока на продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји, како и за конзистентната американска поддршка за демократскиот развој на Северна Македонија и напредокот на патот на европските интеграции, стои во соопштението.