ЖИВОТНАТА СТОРИЈА НА ДАНА СКЕНДОВА И БЛЕР СКОТЛАНД (15)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЕЌАВАЊА“ НА ДАНА СКЕНДОВА – СКОТЛАНД ОД ТОРОНТО

Во автобиографијата „Сеќавања“ Дана Скендова-Скотланд го забележала следното:  Со години, како што нашето семејство се зголемуваше, ние секогаш славевме Божиќ со братот на Блер, Џон и снаата Мерилин и нивното семејство. Тие љубезно ги канеа и моите родители. Бидејќи нашето семејство е мало, ние однапред се радувавме на Божиќ, бидејќи тие секогаш го правеа специјален за нас и ние секогаш со нив се чувствуваме како да сме дома. Ние одевме таму рано попладне и секогаш имаше изобилие од храна и пијалаци.

Тоа беше многу весел ден со нивните многубројни соседи кои што свраќаа на пијалак и секому посакуваа Среќен Божиќ. Секоја година мојот зет Џон ни подготвуваше нов божиќен специјален пијалак за кој што тој беше мајстор. Блер беше главен званичен дегустатор и сите ние знаевме дека можеме да го најдеме во кујната каде што мисирката се сечеше. Мерилин е врвен готвач и нејзините ручеци беа прекрасно зготвени.

Блер имаше голем апетит и секогаш уживаше во второ, а понекогаш и трето репете. Секоја година Мерилин ги правеше нејзините шкотски колачиња и традиционалните Божиќни кнедли кои што таа ги служеше или со топол рум или со сок од лимун.

Кога нашите семејства беа помлади ние си разменувавме Божиќни подароци кои што секој ги отвораше по вечерата, но подоцна ние решивме дека само внуците треба да си разменуваат подароци.

Како што шкотскиот клан се зголемуваше, секое семејство почна одвоено да ги слави спе- цијалните празници Денот на благодарноста и Божиќ, бидејќи стануваше сѐ потешко сите да се соберат на истиот ден.

Долги години ние наизменично имавме собирање на шкотското семејство со заедничка шведска маса на крајот на ноември, но со време и ова исто така стана проблем да се закаже, така што оваа традиција исто така престана.

Додека децата беа мали, на новогодишната вечер ние ги каневме пријателите со нивните деца кај нас дома каде што имавме полноќна гозба. Децата играа игри и гледаа филмови. Во- зрасните кажуваа многу шеги, слушаа македонска музика и играа ора. Како што девојчињата пораснаа, мојата мајка доаѓаше да ги чува, а Блер и јас славевме и ја дочекувавме Новата го- дина со пријателите во Св.Климент или понекогаш во Св.Илија или Св.Недела.

Понекогаш девојчињата канеа пријатели да дојдат да слават и да преноќат. Една година, пријателката на Дена, Џули Гулевски дојде и тие многу убаво си поминаа и направија прекрасни слики од таа ноќ за паметење. Толку е убаво што тие останаа пријателки повеќе од 40 години.

Со години на Нова Година моите родители го носеа нашето семејство на појадок/ручек во еден од хотелите како што е Шератон или на врвот на Харбор Касл, каде што уживавме во глет- ката и во кујната на ресторанот што се вртеше. Ова остана традиција дури и откако се родија нашите внуци, но повторно, жалосно беше што и ова мораше да прекине бидејќи беше многу тешко да се соберат сите за Нова година.

Со цел да се сочува мојата македонска култура, Блер и јас исто така го славевме македонски- от православен Божиќ и Нова Година со организирање на ручек во месец јануари околу праз- ничните денови. За нашата Стара Нова Година јас печев две вртени пити, по една за семејства- та на Сузана и на Дена. Секоја вртена пита имаше паричка скриена во нив и на секој среќник во секое семејство кој што ќе ја најдеше паричката му дававме специјален сребрен долар. Со гордост можам да кажам дека јас ја продолжив оваа традиција до денес и се надевам дека ќе можам и понатаму да ја продолжам.

1ise323

   Скарборо Центарот

Ние одевме на бројни годишни одмори кои што подетално се опишани во делот Патувања. Во зимата Блер и јас заминавме во Мексико, а понекогаш иако девојчињата беа на училиште, и тие доаѓаа со нас. Во текот на летото ние одевме на Флорида, обично на две до три недели. Ние бевме во Македонија, Англија, Мајорка, Бугарија и Турција.

Иако со години размислувавме да купиме викендичка, Блер секогаш беше загрижен за неговото здравје, но во 1993 година кога се роди нашиот прв внук, Блер виде дека е време да купиме викендичка. Ова дете се чини му даде нова животна сила, љубов и така следната година, во 1994 година, ние купивме семејна викендичка во Балм Бич, на Заливот Џорџија, во Мидленд, и почнавме таму да одиме летно време на викенди и одмори. Имаше околу 38 куќички со Маке- донци, голем дел од нив од селото Неволјани.

Со денови уживавме на прекрасната плажа и одевме на вечерни прошетки на Бордвок покрај езерото, уживавме во јадење сладолед и тука сретнувавме Македонци од различни села. Ние седнувавме на клупите покрај водата каде што споделувавме убави муабети и многу шеги. Нашите внуци уживаа да одат на Аркадата каде што тие се возеа и играа игри и, се разбира, многу уживаа. Ние исто така имавме и градина и многу грмушки и цвеќиња, но ние исто така бевме социјални пеперутки и обожававме да бидеме со луѓе.

Секој петок и сабота вечер многумина од нас одеа во МекДоналдс во Мидленд. Таму се одвиваа бројни дискусии и секој уживаше во пијалак, сладолед или закуска. Честопати ние исто така одевме наутро на појадок и повторно сите се радувавме кога ќе се видиме. Некои од нив беа наши роднини, но некои од нив беа само добри пријатели. Тоа беше традиција со години. Неволјичаните одржуваа пикник во летото во еден локален парк со музика и играанка.

Имаше исто така и скара и дружење со одење на пијалак во другите куќи. Често пати во летниот период една група земавме автобус и одевме во казино во Орилја, Јас се сеќавам во една прилика кога Ангело Минас ја зема неговата армоника во автобусот и сите ние пеевме по пат до казиното.

Тажно е што во времето кога јас ова го пишувам многу од сопствениците на викендичките се починати, некои се болни а други остареа и не се веќе во состојба да возат толкаво растојание, но сигурен сум дека сите ние имаме прекрасни сеќавања на нашите младешки години и нашиот живот во куќиќките.

Јас мислам дека најубавите и највредните години во животот на Блер и во мојот живот беа оние години кои што ние ги поминавме кога ги чувавме нашите внуци. Тоа веројатно беа и наје- дукативни години. Ние можевне да ги следиме од периодот кога тие беа бебиња и мали деца, до млади момчиња и потоа тие многу брзо израснаа во тинејџери. Сега Мајкл е зрел, интере- сен млад човек, а останатите, освен Макс, се на работ на возрасниот период. Јас ќе опишам де- тално некои од нашите искуства во делот Внуци.

Продолжува

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН