ВЛАДЕЕЊЕТО НА АЛЕКСАНДАР СО ПРОВИНЦИИТЕ ЛИДИЈА И КАРИJА (13)    

 

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР  ВЕЛИКИ“ (МАКЕДОНСКИ) ОД

 УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН

 

Во секој случај не е можно да се докаже друга претпоставка освен дека наместо да ги воведе античките Грци од Мала Азија во Коринтската лига, Александар Македонски ги организира во неколку локални лиги и ги направи зависни од себе. Доказите се мошне скудни за широко развиената теорија дека веднаш по ослободувањето, античките народи од Мала Азија му укажале голема почит на Александар Македонски. Примерите за тоа му припаѓаат на едно подоцнежно време.

Постојат две гледишта за западниот морски брег: дека Александар Македонски се судрил со опозицијата и дека во Милет и Халикарнас античките грчки наемници биле многубројни. Персискиот командант на Милет кој прво сакал да го предаде градот подоцна се противставил, потпирајќи се врз персиската флота која немаше засолниште надвор од планината Микал, бидејќи флотата на Александар Македонски претходно успеа да ја заземе позицијата на островот Ладе пред градското пристаниште.

Co артилериска опсада што првпат овде ја употреби, беше направен пробив на бедемите и градот беше заземен, додека истовремено античката грчка флота влезе во пристаништето во близина на влезот.

Александар Македонски им прости на Милесијците, зашто беше очигледно дека се принудени да војуваат од персискиот гарнизон, а потоа им даде слобода и ги приклучи кон Коринтската лига.

Тие му се заблагодарија со тоа што го избраа за градоначалник на својот град за наредната година (334-333). На списокот на овие епонимски претставници тој е наречен едноставно „Александар Македонски син на Филипа Македонски”, без титулата крал, која во тоа време не ја употребуваше, зашто беше хегемон на Лигата.

Во натписот во храмот посветен на Атина во Приен, Александар Македонски е опишан како крал, а значајно е тоа што тој не го изгради храмот со пари на Лигата. Иако флотата ја изврши својата улога во Милет, сепак тој распушти поголем дел од неа, задржувајќи само дваесетина атински бродови како залог.

Ова решение, што на прв поглед изгледа изненадувачко, беше неопходно поради недостигот на средства. Тој се колебаше дали да ги изложи своите бродови на опасност од многу посупериорната персиска флота или да се стационира на Самос.

Во Халикарнас, главниот град на Карија, Александар наиде на многу поголем отпор, бидејќи одбраната на градот лично ја раководеше неговиот најголем противник Мемнон Родијанецот, кому Дариј само што му ја имаше дадено врховната команда на флотата на азискоатичкиот брег. Тука беше потребна една долга опсада, бидејќи градот беше утврден и природно и на вештачки начин. Една дивизија на персиската флота беше укотвена во пристаништето.

Меѓутоа, градот не можеше да истрае самостојно против силната опсадна моќ на Александар Македонски. По судирот во кој двете страни постигнаа успех и направија неколку пробиви кај силниот гарнизон, Мемнон беше принуден да го евакуира градот и да му го остави на освојувачот.

Само две тврдини во Карија останаа под персиска окупација. Меѓутоа, Александар Македонски не можеше да го дозволи тоа, па остави корпуси во заднината кои по извесно време ги присилија да капитулираат. Мемнон кој ја водеше одбраната, со голема вештина избега на островот Кос.

Колку Александар Македонски не го следеше правилото за распоредување на намесници, покажа со тоа што Карија ѝ ја додели на старата принцеза Ада од родот на Каринската династија, која претходно владееше како вдовица наместо нејзиниот маж Идрије. Кога Александар Македонски влезе во Карија Ада го пречека со голема почит, му го предаде градот Алинда, што и припаѓаше, и му предложи да го усвои како свој син. Александар Македонски го обнови градот и го прифати усвојувањето.

Според тоа тој им стана син на Каријците и на нивната владетелка, a странската доминација беше сосема отстранета. Тоа што Александар подоцна беше сметан за син на египетски крал, од една, и како син на персиски крал, од друга страна, беше направено од историски причини. Co овој однос кон Ада, Александар Македонски покажа дека ги сфати   посебните   карактеристики   на   потчинетиот народ.

Co чудење можеше да се сфатат изјавите за   улогата на оваа жена, но тие се објаснуваат со фактот што во Карија опстојуваше таканаречениот матријархат, кој еднаш преовладуваше во предгрчкиот медитерански свет.

Бидејќи Александар Македонски го даде намесништвото на жена, воената команда ја одвои и му ја препушти на еден македонски офицер. Ада ги доби единствено граѓанските функции. Делењето на граѓански и војчички функции, што Александар Македонски првпат го спроведе во оваа пригода, го усвои како правило, кога ориенталците ги наименуваше за намесници.

На античките Македонци што се оженија непосредно пред војната сега им беше дозволено да си одат дома и да останат таму во текот на зимата. Тоа беше хумана политичка мерка што кај војниците предизвика големо одушевување и благодарност. Парменион беше испратен со единици на Лигата да ја окупира Фригија, a Александар Македонски во текот на зимските месеци отиде на пат по јужниот морски брег на Мала Азија, во согласност со својот стратешки план за парализирање на непријателската флота со освојување на приморјето.

Тој напредуваше долж брегот на Лидија и Памфилија до Сид, без да наиде на некој посериозен отпор. Кога скршна кон север низ Писидија имаше остри судири со бесните планинци. Од Келена дојде до својот зимски логор во Гордиум, фригијски главен град на реката Сангариј, што е прославуван во легендите.

Таму, Парменион и неговата војска се сретнаа со него, а пролетта дојдоа луѓето, кои беа на војничко отсуство, како и нови регрути. Гордиум го избра како место за собирање, бидејќи неговата позиција беше погодна за да се зајакне Античка Македонија.

 

Продолжува

 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН