Чешките приоритети со претседавањето со ЕУ пред пратениците

По повеќе од два месеци по почетокот на претседавањето со ЕУ, во Собранието ќе бидат презентирани приоритетите на Чешкото претседателство.

Амбасадорот на Чешката република во Северна Македонија Јарослав Лудва, како што е наведено на собраниската веб-страна, ќе ги презентира Програмата и Приоритетите за работата на чешкото претседателство со Советот на Европската унија за периодот јули – декември 2022 година, пред членовите на Комисијата за европски прашања.

Мотото на чешкото претседавање е „Европа како задача: преиспитај, обнови, зајакни“, а нејзини приоритети се управувањето со размената на бегалци и повоената реконструкција на Украина, енергетската безбедност, зајакнувањето на европските одбранбени капацитети, отпорноста на европската економија и демократската институции.

За 18 години, колку што е членка на ЕУ, Чешка по вторпат претседава со Унијата.

Чешка го презема од Франција претседавањето со ЕУ на 1 јули, а од 1 јануари 2023 година Шведска ќе биде на чело на ЕУ.