СРЕДА, 24 АВГУСТ 2022 ЖИВОТНАТА ПРИКАСКА НА ДАНА СКЕНДОВА СО НЕЈЗИНИОТ СОПРУГ БЛЕР СКОТЛАНД (13)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЕЌАВАЊА“ НА ДАНА СКЕНДОВА – СКОТЛАНД ОД ТОРОНТО 

Во автобиографијата „Сеќавања“ Дана Скендова-Скотланд се исповеда и вели: Блер и јас се запознавме на една игранка во „Свети Габриел“. Помеѓу нас веднаш се роди привлечност и поврзаност. И двајцата имавме поминато низ тешки околности во животот. Блер имаше сериозен проблем со срцето и неговиот животен век се чинеше дека е доведен во прашање. Во тој момент во животот, по многу размислување, јас ја донесов најважната и најтешка одлука да се омажам за човек што го сакав, па иако бевме кратко време заедно, тој беше вреден и достоен за тој ризик. И така, се омажив за Блер Скотланд, кој беше добар, благороден и апсолутно прекрасен човек, моја сродна душа. Имаше добар став кон животот и секогаш беше оптимист и живееше со голема верба во Бога и со својата љубов кон мене.

Знаевме дека можеме да се соочиме и да ги надминеме сите маки и неволји на нашиот пат со нашата љубов и со нашата христијанска вера. Бев топло пречекана од кланот Скотланд, особено од брат му Џон и снаа му Мерилин и нивното семејство – Грег, Хедер и Блер Ендру, кој, за жал, почина многу млад. Со текот на годините помеѓу нас се роди блискост, не само како семејство, туку, исто така, и како големи пријатели и споделивме многу семејни собири, вечери и посети во нашата куќа. Ги сакам и горда сум да кажам дека тие ми станаа брат и сес тра кои никогаш не сум ги имала.

Блер не знаеше ништо за Македонија и за македонскиот народ. За една недела, направи истражување и ме изненади со тоа колку информации и знаење стекна за историјата на македонскиот народ. Поради неговата љубов кон мене, Блер го прифати народот, културата и религијата. Се запиша во македонско училиште и две години учеше со професорката Софија Росовска и таа навистина беше импресионирана од неговата трудољубивост. Научи да чита и пишува македонски, но јазикот му беше предизвик.

Уживаше во музиката и играше ора. Имаше голем апетит и ја ценеше храната, посебно моето домашно вино и зелник. Работеше во градината и, освен цвеќињата, научи од татко ми како да сади пиперки и домати, главни продукти во секој македонски дом, а исто така во нашиот дом растеше и здравец (цвеќе што носи здравје во куќата). Всушност, Блер стана вистински амбасадор за Македонија.

Нашата црква „Свети Климент“ имаше кара ван-павилјон „Скопје“, каде македонската култу ра и кујна беа промовирани на некој начин. Караванот се одржуваше секоја година во јуни и многу години по ред и Блер учествуваше и доброволно работеше секоја година. Гордо ја носеше готвач ката капа и им служеше храна на многу гости.

Блер беше многу религиозен и никогаш не си го извади својот православен крст. Првичната прогноза за неговиот опстанок на 25 години беше некаде околу седум до петнаесет години. Беше еден од првите пациенти кои добија хомографт (свински залисток). И покрај бројните здравствени проблеми, вклучувајќи ги и трите операции на срцето, сите без преседан, тој имаше голема желба да живее. Се соочуваше со животот со голема храброст, вера во Бога и љубовта кон семејството. Им пркосеше на сите неблагодарни прогнози и живееше многу повеќе отколку што предвидуваа. Бевме благодарни за секој единствен ден.

50-тиот роденден на Блер беше пресвртница во неговиот живот и го изненадив со роденденска прослава со педесет блиски роднини и пријатели. Изнајмив маси и столови кои беа поставени во дворот, со прекрасни чаршафи и свеќи. Сите уживаа таа вечер, но особено Блер, со изобилство храна и пијалаци, ора, пеење, со радост и смеа. Моите родители на Блер му подарија костум сошиен по негова мерка, со сите додатоци.

Беше посветен сопруг, татко и дедо и беше горд на достигнувањата на ќерките, а имаше многу нешта за гордеење. Никогаш не пропушти училиштен или спортски настан на Сузан и Дена, концерти, паради, пијано рецитали, родителски средби, доделување свидетелства и многу други нешта. Беше назначен за возач и ги возеше на сите настани и проби.

1ara46Блер го заврши курсот на „Дејл Карнеги“ за држење говори во јавноста и беше неверојатен говорник. Со оваа вештина тој беше во можност да ги советува и да им помага на девојките кај нивни бројни проекти од јавно говорење. Беше посветен дедо кој си ги сакаше внучињата и повеќе од дванаесет години помагаше во грижата околу нив.

Беше внимателен и трпелив зет кој ги носеше моите родители, неговата баба и дедо, на пазарење, во црква, на банкети и собири, на лекар, да споменам само неколку. Му помагаше на дедо со градинарските и други задолженија.

Блер имаше неверојатен карактер и остави траен впечаток на сите оние кои ја имаа привилегијата да го запознаат. Беше љубезен, нежен и мирољубив човек кој го ценеше и негуваше пријателството. Правеше секој ден да биде посебен и никогаш не престана да ме воодушевува со своите достигнувања, вклучувајќи ја неговата многу романтична поезија.

Бев навистина благословена што ја имав голе- мата љубов и почит на Блер многу години, но добро е познат фактот дека во природата на човекот е да биде алчен и себичен, па така и јас не сум исклучок, бидејќи сметам дека еден живот со Блер едноставно не е доволен. 

Нашиот семеен живот се вртеше околу ќерките и моите родители кои ни помагаа со чување на децата, како и со градинарството. Кога не бевме дома, тие ќе дојдеа да работат во дворот и гра- дината зад куќата. И покрај тоа што и ние работевме во градината, таа беше голема, а нивната помош беше добредојдена. Дворот секогаш изгледаше неверојатно со убави цвеќиња, грмушки и овошни дрвја, а секако и големата градина. Мајка ми често месеше зелник и питулици или алва коишто нашето семејство ги сакаше.

Бидејќи татко ми немаше автомобил, секоја недела Блер го носеше тато во пазарење на про- дукти. Блер беше добар со моите родители, а во нивните подоцнежни години, Блер одеше да купува и за моите родители и им ги носеше продуктите дома и ги ставаше каде што треба.

Блер многу го сакаше спортот, и затоа преку Лим и Скотланд имавме сезонски билети за хокеј во црвениот дел и често одевме на натпреварите на „Мепл лиф“. Бевме во можност да одиме и во барот „Хот стов“ за време на паузата за пијалак. Неколку години ги гледавме и фудбалските натпревари на „Аргонаутите на Торонто“, така што со себе си носевме термос за кафе и ќебе да ни биде топло во текот на студените денови. Во недела одевме постојано на служба во „Свети Климент Охридски“, каде Сузан и Дена повеќе години го посетуваа македонското училиште.

Девојките беа вклучени во многу воншколски активности, нашиот живот се вртеше и околу нивните практики, присуство на игри, натпрева- ри, пијано рецитали. Исто така, одевме на многу спортски натпревари. Бејзбол тимот „Блу Џејс“ (Тhe Blue Jays) дојде во Торонто во 1977 година и Блер го однесе нашето семејство на “Meet the Blue Jays” појадок во Симпсон стоковната куќа. Ни дадоа брошури како сувенири, билети и многу други меморабилии кои што ги чувавме со години. Ние одевме на голем број натпревари во тогашниот „Скајдом“, а сега Роџерс Центарот.

Продолжува

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН