ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ“ (МАКЕДОНСКИ) ОД УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН
Во последниот случај хегемонот ги определува воените контингенти за снабдување од членовите и води војна во корист на лигата. Согласно смислата на офанзивниот и дефанзивниот сојуз, во ваков случај тој требаше да ја поддржува лигата со својата античка македонска армија и, обратно, доколку тој беше нападнат или ако требаше да се води офанзивна војна под негово раководство, античките Грци требаше да се стават со своите контигенти под негова команда.
Во врска со последната спогодба, изворите потврдуваат дека несомнено ова била определбата за војна против Персија. Се покажа дека во текот на заседанијата Филип Македонски избегнувал официјално да зборува за војнички и политички прашања и за персискиот крал.
Co цел предвремено да не го предизвика кралот, Филип Македонски сакал да ја зајакне античката грчка лига и цврсто да ја земе во свои раце командата над античките грчки трупи што беа на копно и на море, пред да настапи сред народот со планот за војна со Персија.
Сепак, како што беше неопходно да се определи бројот на претставниците, тој започна да ја определува официјално моќта на одделните членови. Тоа произлезе од силата на двете страни: хегемонот Филип Македонски не беше само војнички лидер на Лигата, туку имаше и целосна контрола на надворешната политика на античка Грција.
На тој начин Филип Македонски ја обедини цела Античка Грција (со исклучок на Спарта) во Лига на држави и така првпат во историјата создаде античка грчка обединета држава. Се разбира, за се’ што беше речено погоре околу панелинистичката идеја, тој не ги следеше, како што често се претпоставуваше, поттикнувањата во делото „Филип” од Исократ, кое бараше обединување на Античка Грција во една држава.
Формирањето на оваа Коринтска лига не беше резултат на панелинистичката идеја, туку на политиката на Филип Македонски да ја подигне моќта на античка Македонија. Наспроти напорите на Филип Македонски со решението на античко грчко-македонското прашање што е можно помалку да ги засегне античките грчки чувства, сепак ладно беше примен од широките маси во споредба со она што очекуваше.
Античките Грци ја сметаа хегемонијата на Филип Втори Македонски, пред се’, како странска доминација. Тие не гледаа на античките Македонци како на антички Грци.
И покрај тоа што Лигата на државите под водството на Филип Македонски не ги усогласи намерите на панелинистите, сепак можеме да го признаеме влијанието на Исократ за „општиот мир” прогласен од Филип Македонски на Конгресот.
Доколку внатрешното единство на античките Грци, како што имаше желба Исократ, не се реализираше во рамките на Лигата на државите, ќе се преземеа мерки да се обезбеди спокојство и мир во античкиот грчки свет.
Според тоа, одредбите за еден „општ мир” беа вклучени како витален и фундаментален услов во договорот на Сојузот. Пред се’, тоа беше мир меѓу Филип Македонски и Лигата. Така, на пример, секој член мораше да се заколне дека нема да се обиде да ја собори монархијата на Филип Македонски и на неговите потомци. Според додатокот „потомци” се гледа дека договорот е „вечен”, ако тоа се однесува само на Филип Македонски. Во спротивно, античките Грци не би зеле обврски за неговото потомство.
Тоа беше од големо политичко значење. Меѓутоа, античките Грци се врзаа со заклетва вечно да го чуваат меѓусебниот мир. Ниеден член не може да се здружи во непријателство против друг на копно или на море. Пиратството беше забрането и така слободата и безбедноста на морето беше ставена под заштита на Лигата. Секој што не се потчинуваше беше третиран како непријател и требаше да очекува казна од другите членови.
На овој начин се воспостави мир во сите држави. Претставниците во интерес на хегемонот увидоа дека егзекуциите или казните на прогон не беа незаконски, дека немаше конфискации, распарчување на земјата, поништување или ослободување од долговите, или, манумиција со робовите за бунтови и со сите оние обични страшливи придружувачи на постојаните бунтови во непосредното минато.
Секој член мораше да се заколне дека нема да ги крши правилата што владееја во државите од времето кога беше дадена заклетвата, независно што многу од нив беа изменети од Филип Македонски за да одговараат на неговите погледи. He смее да се заклучи дека тоа претставува задушување на политичкиот живот во градовите. Револуцијата со насилство беше забранета. Ништо не можеше да го исклучи. мирољубивиот развој на конституционалниот живот.
Тоа беше форма на „општ мир”. Филип Македонски сакаше да ја реализира идејата на Исократ за смирување. Надворешниот и внатрешниот мир на сојузничките држави беше загарантиран со строги санкции кои се содржеа во договорот. Бездруго, едно вистинско помирување на душата би било најдобро.
Но тоа беше утопија, како што веќе видовме, и мора да се признае Филиповото заменување со насилно наметнат мир беше единствениот можен излез во постојните услови. Тој барем ветуваше олеснувања за нацијата, доколку се почитуваше духот на Коринт.
Откако скицираниот договор едногласно беше прифатен од конгресот, дипломатските претставници се вратија во своите држави и договорот беше насекаде прифатен и потврден со заклетва. Изборите за претставници започнаа веднаш, бидејќи заклучокот на Конгресот беше советот да заседава што е можно поскоро.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН