Николоски: Македонците во Мала Преспа се под бугарската пропаганда, пасоши вадат од економски причини

При денешната посета на општина Битола потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на Мала Преспа и сведоците Македонци што во Мала Преспа се бунат дека Бугарите прават асимилација, уште во 90-тите години се правела асимилација но денес сведоци Македонци велат дека денес бргу ги прифаќаат бугарските уцени, односно пасоши, државјанства за да ја напуштат Албанија истакна дека Македонците кои што живеат во Мала Преспа се под напад на Бугарската асимилација а пасоши вадат од економски причини.

„Во однос на Мала Преспа јас апсолутно се сложувам со ова што го кажавте и мислам дека луѓето наши кои што живеат таму се под напад на бугарската пропаганда но исто така мислам дека на сите ние е јасно, како што им е на нив јасно јас лично сум во континуиран контакт со голем дел од нив дека тие се таму Македонци, а јасно ни и на сите луѓе овдека дека бугарски пасоши за жал луѓето земаат од економски причини и прашање на кое што досега никој од Бугарија не одговорил, сум го поставувал само јас, но еве ќе го поставам повторно е зошто тие кои што земаат бугарски пасоши не остануваат да живеат во Бугарија, туку го земаат пасошот и не стапнуваат уште еднаш во Бугарија, и ако толку имаат чувства кон Бугарија зошто не отидат да живеат таму и зошто не се обидат да ја најдат својата среќа таму кога веќе имаат Бугарско државјанство врз основа на кое што добиваат бугарски пасош. Одговорот е едноставен, затоа што го гледаат како најлесен начин за да можат да излезат во Европа, да отидат пет- шест месеци во Германија Франција или во Холандија да поработат за да донесат некој денар дома и да можат да ја поминат годината. И тоа е резултат на тешката економска состојба во која што е народот и претставува најдобар доказ и слика на промашената политика на Република Бугарија кон Република Македонија, наместо да градиме пријателства и мостови ние градиме омраза и непријателства кои што се иницирани комплетно од нивна страна. Дали е тоа имиња на провокативни имиња на културни клубови почна од Битола сега се шири низ цела држава, дали е тоа давање стипендии, дали е тоа измислување проблеми таму каде што ги нема, дали се тоа бугарски пасоши, ако сакате на времето оној случај со една жена од Гевгелија која што имаше семејни проблеми па стана национален проблем, и континуирано 30 години, еве самостојност ќе славиме 31 година сега за скоро, Бугарија се оддалечува од Македонија но за тоа треба да се погледнат себе сите бугарски политичари од прв до последен“, истакна Николоски.

Во однос на прашањето за тоа што изминатите денови Артан Губи изјавуваше дека се вршат преговори со пратеници од опозицијата за тоа колку пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе остане компактна Николоски истакна дека пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата е стабилна а доколку СДСМ и ДУИ сметаат дека имаат 80 пратеници да го пратат предлогот за уставни измени до Собранието но доколку немаат да се повлечат и да одиме на предвремени парламентарни избори затоа што владата целосно го изгуби легитимитетот и во однос на националните прашања а и во однос на економските прашања.

„Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата затоа што имаме и коалиција внатре во пратеничката група е апсолутно стабилна јас ќе кажам само три работи заради факт, прво сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата потпишаа нотарски изјави со потенцијални оставки доколку дојде до гласање за промена на уставот, второ овие лажни вести се само со цел на задржување на владата на СДСМ и ДУИ на сите ни е јасно дека во моментот најголем интерес оваа влада да опстане е токму на ДУИ затоа што се во една таква комотна позиција каква што ниту имале ниту ќе имаат можат само да сонуваат за оваа позиција затоа што после изборите кога и да се  ќе треба да одговараат за криминалот што го прават, и третата работа ние дадовме јасна понуда некаде пред петнаесетина дена а тоа е веднаш да се пушти предлогот за Уставни измени во собрание па да видиме дали има или нема 80 пратеници. Претседателот на партијата Мицкоски јасно кажа ако имаат 80 пратеници тогаш тој ќе се повлече од политика а тоа важи и за сите нас како раководство а доколку немаат како што немаат тогаш во тој случај да одиме на предвремени парламентарни избори затоа што владата целосно го изгуби легитимитетот и во однос на националните прашања а и во однос на економските прашања“, истакна Николоски.