ВОЕНИТЕ ПОСТИГНУВАЊА НА  АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ – ВАРВАРИТЕ (16)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР  ВЕЛИКИ“ (МАКЕДОНСКИ) ОД  УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН

 

Кога кралот формира совет со неколкумина од овие свои следбеници, членовите беа нарекувани следбеници на кралскиот „ентоираге”. Но, тоа не беше вистинското потекло на титулата, како што до скоро се претпоставуваше. Старата Хомерова почесна титула опстојуваше во Македонија многу векови, a ja добиваа дворјаните што го следеа кралот.

Ова е карактеристично сродство на кралот со дворјанството, бидејќи тој не се разликуваше од  нив  според  облеката.  Тој  немаше посебно кралски амблеми, а пурпурна боја на наметките и широки шапки носеа и дворјаните. Покрај оваа кралска коњица, слободните селани и овчари можеа да дојдат одвреме навреме во неорганизирани групи и да се борат. Тоа беше само во четвртиот век кога тие се појавија како организирана регуларна пешадија, perрутирана и уредена коњица, во зависност од подрачјето.

Потоа почесната титула кралски следбеник и‘ беше исто така давана и на пешадијата во форма на пешадиски придружник. Според една двосмислена изјава, ова беше направено од Филиповиот постар брат Александар. Но, тоа веројатно беше употребено само при Филиповата реорганизација на војската. Секако, воведувањето на титулата пешадиски придружник означува дека пешадијата оттогаш дојде во исто лично сродство со кралот чија дворјанска пешадија подолг период имаше поголеми права.

Значи, владетелот се движеше во долните класи на луѓето, за да го подига нивниот морал и да ја зацврстува својата сила и моќ. Тоа се случи веројатно само по добивањето на титулата пешадиски придружник кога на пешадијата иʼ беше дозволено да учествува во собранието на војската и да ги користи нејзините привилегии.

Bo стекнувањето на правата и слободите античката македонска монархија цврсто се потпираше врз народот. Иако понекогаш имаше судири меѓу кралот и гордото дворјанство, античките Македонци во целост му беа лојални на својот крал и покажуваа голем респект кон него. Вообичаено беше за војникот да го симне шлемот кога му зборуваше на својот крал, додека пак кралот беше во добри односи и другаруваше со офицерите.

Античките Македонци беа наполно здрав народ, не беа тренирани како античките грчки атлети, туку беа како Римјаните со војнички навики. Но, покрај овие добри особености, тие имаа многу лоши навики останати од дамнешни времиња, како што беше неумереното пиење, со што во очите на Елините беа вистински варвари. Антагонизмот беше реципрочен, бидејќи античките Македонци беа израстени во една горда и самосвесна нација, која со презир гледаше на Елините. Овој факт е исто така од големо значење за разбирање на подоцнежната историја.

Натамошното проширување на источната граница на Античка Македонија, што под Александар I дојде до реката Стримон (Струма), беше запрено од големиот развиток на Атина која беше на чело на Делијанската лига. Атина како држава се утврди и на северниот брег на Егејот, вклучувајќи го македонскиот морски брег. Таа ги потчини градовите на полуостровот Халкидики, a на крајот ја зазеде и колонијата во Амфипол, близу до планината Струма, и така стекна голема благосостојба. Но кога страотната несреќа на Сицилија (413) го предизвика уништувањето на Атина како голема сила, Античка Македонија како и другите држави најде нови подрачја.

Архелај, кој потоа ја зеде круната, користејќи ја положбата, иʼ даде на својата држава зголемена милитаристичка и политичка важност. Тој изгради тврдини и патишта од воен карактер и темелно ја реорганизира војската, посветувајќи посебно внимание на опремувањето на пешадијата.

Во пресудата на Тукидитците, тој сам направи повеќе од своите сам од претходници заедно. Неговото вклучување во конфликтите со тесалиското дворјанство сведочи за зголемената ударна сила на Античка Македонија. Архелај има заслуги и за воведувањето на античката грчка култура во својата земја, дури повеќе за тоа настојуваше од Александар I, Филелинот.

Во својот дворец во главниот град Пела, Архелај успеа да развие богат интелектуален живот, поканувајќи најславни поети и уметници од тоа време. Еврипид ги помина со него последните години од својот живот и таму го напиша делото „Бахатки”, а во чест на својот кралски покровител делото „Архелд”

Тимотеј, големиот и славен музичар и поет, беше еден од неговите гости. Тој дозволи дворецот во Пела да биде украсен со цртежи од Зевс. На Дион во Пиерија под планината Олимп, каде што имаше стар култ на музите, тој постави сценска приредба во чест на Олимпискиот Зевс и музите.

He ce знае каков беше ставот на античките македонски дворјани кон воведувањето на античката грчка култура од нивниот крал, што наведува да се мисли на последните дворци на Диадохите (наследниците на Александар). Не беше лесно тие да се помират со навлегувањето на античката грчка култура. Но, историjата покажува дека семето не беше фрлено залудно.

Престижот достигнат од Архелај имаше краток век. По неговото убиство (399) започна еден мачен период од четириесетина години. Жестоките борби внатре и надвор на соперничките кандидати за престолот и ненадејните напади од Илирија и Тракија, толку ја ослабија античката македонска држава што на крајот таа стана зависна на постапните предоминантни сили на Елада, а под Аминта стана должник на Илирите.

Вистинското постоење на државата беше доведено до питачки стап, кога во 359 година кралот Пердика, синот на Аминта, беше поразен од Илирите во големата битка и погубен со своите 4.000 луѓе. Од сите страни непријателот навлегуваше во земјата и не помалку од три освојувачи, поддржани од странски сили, се кренаа против Филип Македонски, најмладиот брат на Пердика, кој како регент ги зеде во свои раце уздите на владата во корист на својот внук Аминта, младиот син на Пердика.

Во најкритичниот момент на македонската историја, Филип Македонски, кој тогаш беше дваесет и четиригодишен, поседуваше огромна енергија и вештина. Co брилијантните оружени подвизи и со суптилна и итра дипломатска вештина, тој брзо успеа во отстранувањето на опасностите однадвор и однатре и наскоро се прогласи за крал на античката македонска војска.

 

Продолжува

 

 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН