УЛРИХ ВИЛКЕН И НЕГОВИТЕ ИСТРАЖУВАЊА ЗА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА

 

Тешко е да се најде публикуван биографски материјал за Вилкен. Тој имаше лоша среќа (ова би одговарало на неговиот поглед кон историјата) што ги помина своите последни години во хаосот на военото време на Германнја. Во текот на тој период многу европски весници кои во друг случај би ја забележале неговата смрт, беа или исклучени или им беше редуцирана нивната публицистичка актнвност.

Веднаш по воениот период често беше тешко да се обноват научните проучувања, особено кај оние нации кои во голема мера страдаа во големата несреќа. Така смртта на важниот научник привлече помало внимание одошто обпчно. Доволно е да се спомне дека Вилкен ја продолжи традицијата установена од Драјзен. Вилкенсоновиот Александар е важна историска личност. Тој, меѓутоа, не ги поседува сите идеализми што Тарн му ги припиша. За Вилкен, Александар е битно немотивиран од некој голем предомислен план, но тој е оној што во многу случаи реагира рационално во овие историски околности, кои го сместија во позиција на голема сила.

Нашите литературни податоци за животот на Александар се скудни, потпирајќи се речиси целосно врз пет биографски и историски извори, плус еден роман кој потекнува од античкото време. По хронолошки ред писателите се следните: Диодор, Елин (антички Грк) од Сицилија, од средината на првиот век пред н.е., кој напишал општа историја во четириесет книги, од кои петнаесет се зачувани, а една од нив (седумнаесеттата) целосно се однесува на Александар.

Квинтус Куртиус е латински автор од средината на првиот век од н.е., од кого е познат само научниот труд „Историја за Александар” во десет книги, од кои поголем број се зачувани.

Веројатно најславниот од древните автори за Александар е моралниот есеист и биограф Плутарх, чија книга „Животот на Александар” е напишана во почетокот на вториот век.Исто така, од вториот век датира скратената верзија за Александар во трудот на Јустин, кој,имал фундаментално различни интерпретации за Алексанлар, мегутоа, тоа не е ништо повеќе од епитом на раната општа историја од Помпеј Трог. За несреќа Трог е изгубен, затоа Јустин се смета дека има слаб одраз од оригиналот.

На крајот целосно е зачувана книгата „Војничкиот успех на Александар” од Аријан, која е напишана во средината на вториот век, a e најцелосен и најточен извор што постои. За одбележување е и верзијата на популарниот роман за Александар од почетокот на четвртиот век. Интересен е и класичниот роман за Александар, во кој може да се сретне малку нешто како сериозна историја.

Треба да се спомне дека меѓу најраните зачувани извори, оној од Диодор, е напишан речиси три века по смртта на Александар, а најдобрата верзија е од Аријан, околу два века подоцна. Најсуштествените прашања со кои се соочуваат современите научници, меѓутоа, се однесуваат на изворите и традициите кои ги следеа живите автори.

Изданието е комплицирано поради фактот што најголем дел од литературата од елинистичкиот период е изгубена, вклучувајќи ги многуте познати дела напишани за Александар во периодот веднаш по неговата смрт. Но, сепак, има останато некои преданија за Александар. Илјадници веќе изгубени фрагменти од десетици историчари на Александар постојат во трудовите на подоцнежните класични автори.

На пример, Плутарх вели: Кар од Митилен раскажува дека еднаш за време на еден банкет, Александар по пиењето му го дал пехарот на еден од своите пријатели…”. Почетокот на овој пасус покажува дека Плутарх знаел или од прва или од втора рака за исказот на поранешниот писател за Александар чие име е Кар, кого тој го наведува како извор за прикаската на банкетот, а чиј труд е загубен, со исклучок на околу дваесетина вакви или слични фрагменти.

Некои од овие историски фрагменти им овозможуваат на современите автори да реконструираат некои од трудовите на тогашните писатели, а во некои случаи дури и да ги критикуваат сега живите писатели врз основа на тоа колку тие биле зависни од изворите на податоци. Така, се добива една замаглена слика во напорите да се реконструираат тривековните еленистички преданија за Александар.

Според Улрих Вилкен Александар го добил епитетот „Велики“ од Римјаните. Имено, се знае, дека Александар е многу популарна личност во сериозни историски пишувања и во прикаските, дека тој го заслужуваше епитетот „Велики”, дека славните Римјани се споредувале со него и дека неговиот вечен дом во Александрија стана место на аџилак за многу прочуени луѓе

Прикаските за Александар Македонски очигледно се едноставни и вистинити или невистинити, евентуално го формираат главниот дел на литературата, односно само оној дел што е зачуван.

Оригинален извор за походот на Александар Македонски во Азија е Калистен од Олинт, кој бидејќи беше внук на Аристотел, беше препорачан на Александар. Калистен беше си обезбедил место како славен историчар за античка Елада-Грција во четвртиот век пред н.е. и во тоа учествувал со силна желба, станувајќи хроничар на амбициозниот млад крал.

Задачата што му била дадена од Александар Македонски има две значења: да води официјална историја за походот во Азија, односно да води белешки и кога ќе се врати да ги публикува во античка Елада-Грција. Но, македонскиот владетел не бил во најдобри односи со античка Елада-Грција.

Иако имале желба да го поддржат Александар Македонски во Азија, каде што би бил помал проблем за нив, тие вистински не го сакале. Така задачата на Калистен била да го направи Александар поприфатлив кај античките Елини-Грци, да ги објавува извештаите за активностите на кралот кои ќе ги убедат Елините дека нивниот владетел не е примитивен македонски селанец.

Co време, меѓутоа, односот меѓу кралот и историчарот се изменил откако Александар присвоил некои церемонијални обичаи од Азија, карактеристика на животот во дворот против кои дури и ласкавецот Калистен бил против.

Продолжува

       Пишува: СЛАВЕ КАТИН