Ковачки: Бараме директна одговорност од Ковачевски за Францускиот предлог кој самиот го преговараше и договори

Бараме директна одговорност од Ковачевски за Францускиот предлог кој самиот го преговараше и договори.Ковачевски не може да манипулира дека тој и владата не знаеле за предлогот во чија подготовка учествувале официјални државни органи. И според изјавите на Стево Пендаровски, но и бројни дипломати од кариера предлогот бил изработен со вклученост на сите страни.
Бараме одговорност и оставки од Бојан Маричиќ и Бујар Османи како директно вклучени во процесот на преговори. Одговорноста не смее да се сведе на принципот на кабелот е виновен за пожарот на некој административни функционери. На народот му е преку глава од манипулации.
Доколку Ковачевски не бил запознаен со предлогот, како што тврди, иако е невозможно да не знаел што работат неговите подредени,  треба да побара оставка и од Османи и од Маричиќ или самиот да ги разреши веднаш.Иако веруваме дека Ковачевски цело време стои зад понижувачкиот предлог и бил запознаен со деталите од истиот, но и го менаџирал процесот за туркање во јавноста на истиот.
Да не заборавиме дека целиот план им бил преку блицкриг манипулација да се манипулира и лаже јавноста, предлогот веднаш да помине во Бугарското собрание, што е одолговлечено поради оставката на Бугарската влада, а потоа и блицкриг операција за поминување на овој предлог во Македонија, преку креирање на еуфорија за почеток на преговорите.
Ковачевски треба да си даде оставка поради манипулација и лажење на јавноста, но и нанесување на трајна штета на Македонските преговарачки позиции.
Со согласноста која владата и Ковачевски ја имаат дадено на овој предлог воопшто и да излезе во јавноста се поставени темелите на идните Бугарски уцени во иднина, и можноста секој следен предлог да биде најмалку лош како  овој. Вака направената штета не е моментална, туку трајна и за ова мора да има одговорност.
Македонија се поизвесно дека ќе добие уште едно вето, а ќе остане и со трајно нарушени преговарачки позиции.Поради трајното нанесување на штета на Македонските преговарачки позиции владата мора да падне. Избори се решение.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *