Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на маргините на Самитот на Европската Унија за Западен Балкан оствари средба со ирскиот министер за европски прашањаТомас Бирн .
На состанокот беше пренесена позитивна порака за силната поддршка од страна на Република Ирска за нашите евроинтеграции, со верување дека блокадата што поскоро ќе биде отстранета и Северна Македонија заедно со Албанија ќе ги започнат преговорите, соопшти кабинетот на Маричиќ.
Вицепремиерот Маричиќ на средбата ја истакна заложбата и посветеноста на дијалогот за надминување на отворените прашања со Бугарија, последните 6 месеци, повторувајќи ги позициите на Владата дека нема преговарање за македонскиот јазик и идентитет, а секое решение и предлог дека мора да биде базиран на европските вредности и стандарди.
– Блокирањето на целиот процес на проширување ѝ штети е против интересите на Европската Унија, но и на регионот. Овој Самит е во исклучително важен моментум за Западен Балкан и за ЕУ, не само поради политичкиот, безбедносен и економски неред во светот, туку и поради зачувување на кредибилноста на ЕУ и веродостојноста на политиката на проширување, рече Маричиќ.
Соговорниците на состанокот разговараа и за планираните активности во рамки на посетата на нашата земја од страна на Томас Бирн, заедно со министерката за европски прашања на Република Финска, Тити Тупураинен , во рамки на нивната балканската турнеја, на почетокот на месец јули, на која вицепремиерот Маричиќ ќе биде домаќин.