Промоција на две нови изданија на Институтот за национална историја

Институтот за национална историја денеска ќе одржи промоција на најновото издание на Меѓународното научно списание „Гласник“ на (Двоброј за 2021 година)

Промотор на изданието е проф. д-р Наташа Котлар – Трајкова.

На платото пред влезот на Институтот за национална историја ќе се одржи и промоција на                       Зборникот на трудови од Mеѓународниот научен симпозиум одржан по повод 70 години од основањето на Институтот за национална историја – Скопје „Балканската историографија и современите предизвици

За ова издание промотивна реч ќе одржи проф. д-р Драги Ѓоргиев.