ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА

Градовите кои Македонците ги граделе во странските земји служеле за повеќе цели. Пристанишните градови биле порти за поморската трговија и центри за снабдување на македонската војска. Други градови, како бројните Александрии кои Александар III нарачал да бидат изградени и ги изградил во текот на неговите освојувања, биле таму за да ги поддржат воените потреби.

Секаде каде Александар наишол на непријателски народ, градел град и го населувал со македонско население за да ги поддржат потребите на македонската војска. Со време, а во текот на натамошните  освојувања, била изградена мрежа од македонски градови населени со Македонци низ цела Азија и Европа.

Овие населеници дошле директно од Македонија и ги донеле со себе родниот македонски јазик, обичаите, вештините и културата. Населбите служеле како воени колонии и биле сконцентрирани околу Лидија и Фригија. Некои биле големи градови кои му служеле на трговскиот сектор, додека други биле гарнизонски воени бази, односно претстражи распрскани низ целото Царство, служејќи им на потребите на македонските трупи.

За разлика од било кои други градови, новите македонски градови биле градени по осовинско-решеткаста шема и биле далеку поголеми и космополитски, отколку било кои претходно изградени градови. Пергамон, Антиох, Селеукијана Тигар /Seleucia-on-Tigris/ и секако Александрија во Египет биле пространи градови и главни центри за меѓународна трговија и културен развој.

Тие биле многу поголеми од Атина каква што била во нејзините славни денови. По сето ова кажано, секој се прашува зошто модерна Европа покажува толку големи почести за Атина, а речиси никакви за Александрија? Најпосле, Александрија била најважен град на т.н. “хеленистички период”. Лоцирана и исправена помеѓу Африка и Европа, Александрија била средишно место за среќавање на сите раси и вери. Се уште цветајќи до денденес, таа издржала два и пол милениума насилство и опстојала. Тоа е признание за големината на нејзините градители, Македонците.

1isr13

Додека сме кај темата за античките македонски градови, сакаме да напоменеме дека Александрија не била единствената по својата величественост. Имало дузина величествени градови изградени по освојувањата на Александар, но само неколку се истакнувале. Еден од тие градови бил градот Антиох. Тој бил подигнат на плодна крајбрежна рамнина, поврзувајќи ја јужна Анадолија со Палестина, на левиот брег од реката Оронт /Orontes/, под високиот врв на планината Силпиос /Silpios/.

Тоа било место каде Александар III претходно поминал и пиел вода од обилните ладни извори. Но, Селеук бил тој кој во 300 година пред Христа, го одбрал местото поради неговиот пристап до караванските патишта во внатрешноста, поради свежите развигори откај морето и  поради неговите богати околни земји кои нуделе вино, житарици, овошје и нафта. Како и Александрија, и Антиох бил етнички мешан град; заедница од многу етнички групи, вклучувајќи и пензионирани војници.

Антиох стекнал важност кога станал главен град на Селеудското Царство под владеење на Антиох I. Птоломејците го анексирале Антиох, за еден краток период, но тоа било под владеењето на Антиох IV кога градот повторно се развил и се проширил. Од 175 година пред Христа па наваму, неговата раскошност почнала да и’ конкурира на онаа на Александрија.

Античките Македонци од овој период, особено оние кои живееле во дијаспората, биле космополитски народ и слободно патувале низ целиот нивен свет, од град во град, за да се борат за својот крал, да бараат работа или да се збогатат од трговија. Не им било под честа да разменуваат идеи и своите вештини, обичаи и знаење да им го пренесуваат на другите култури. Македонските научници, архитекти, инженери, уметници, занаетчии и лекари патувале со македонските војски секаде каде што оделе и, без сомение, оставиле свои траги.

Во врска со образованието, во тие денови, немало јавни институции да им служат на потребите на широките народни маси. Образованието било стриктно приватна работа, спроведувано од страна на професионални тутори и на располагање само на оние кои можеле да си го дозволат тоа. Театарот и игрите, исто така, биле во приватна сопственост и ограничени само на клубските членови, ретко биле посетувани од странци. 

Дури необразованите македонски населеници и војници се дружеле само меѓусебе и ретко се социјализирале со оние од другите култури. Народот кој ги напишал натписите во Дура-Еуропос, претходно спомнати, се добар пример за Македонци кои се дружеле само меѓусебено. Речиси по три века живеење во дијаспората, Македонците од Дура-Еуропос не го заборавиле и се уште го користеле својот мајчин македонски јазик.

Ако имало некакво ширење на македонскиот јазик и култура во пост-Александровата ера, тоа било во македонската дијаспора во Азија и Египет. Како што претходно е спомнато, Македонците често опатувале помеѓу Европа, Азија и Египет. Со себе, носеле вести, озборувања, уметност, музика, пронајдоци, итн., кои единствено ги привлекувало и имало смисла за другите Македонци.

Се вели дека голем број македонски населеници од Мала Азија до Индија, кои на почетокот биле донесени за да и’ служат на војската, со време станале богати земјопоседници и изградиле куќи и вили во македонски стил, украсувајќи ги со сите видови македонска уметност. Многу од овие земјопоседници и нивните семејства останале таму и ги практикувале своите обичаи и култури со години, по пропаста на македонските кралства. 

Пример за ова е античката населба Аи Канум /Ai Khanum/ во северен Авганистан. Таму, францускиот археолог Пол Бернард /Paul Bernard/ и неговиот тим пронашле мавзолеј од таканаречен “хеленистички тип” и една вила украсена со прекрасна фонтана која имала изрезбани одводни олуци и млазници за течење на водата во форма на лав и глави од делфин. Уметноста и архитектурата се иденични на оние пронајдени во Македонија. Историјата цитира многу примери каде културата на античките Македонци опстојала со векови, откако Македонија потпаднала под римско владеење.

Што се однесува до литературата, Македонците повеќе биле заинтересирани да учат од оние кои тие ги освоиле, отколку да ги подучуваат освоените. Бидејќи не била заинтересирана да ги учи јазиците на оние кои ги освоиле, македонската елита често нарачувала преводи на нивните дела. Птоломеј Сотер нарачал египетскиот свештеник Мането /Manetho/ да ја напише историјата на Египет на коине јазикот. Слично, Селеук Никатор нарачал свештеникот Берасос /Berassos/ да напише краток приказ на вавилонската мудрост, повторно на коине јазикот.

1isr14

Антиох

Во врска со владеењето, на еден монарх кој теоретски бил воин кој победува, кој оддавал почит на вистината и кој бил достапен на своите поданици, му било дозволено да владее со Македонците од матичната Македонија. Ова било точно за Македонија, но не и неопходно за Азија и Египет, земји добиени со копје и контролирани според правото на освојување.

Азиските и египетските династии биле под власт на автократски монархии, поддржани од централизирани бирократии. Немало национална база на политичка моќ, односно бастион, ниту локална етничка поддршка. И азиските и египетските династии ангажирале платени војски за одржување на состојбата status quo.

Двете династии увезувале Македонци од Македонија да управуваат со нивните бирократии. Освен тоа, македонската елита го оддржувала своето владеење со сила и бирократија врз локалната работната сила. Круната ги поседувала сите земји, и се во Азија и Египет било правено како поддршка на кралот.

Разликата помеѓу матичната Македонија и другите две македонски царства била таа што матичната Македонија имала национална база на политичка моќ, т.е. бастион и што Македонци владееле со Македонци.

Објавените 64 продолженија во порталот „Македонска нација“ се дел од публикацијата „Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“, „Македонска искра“, Скопје, 2008 на 500 страници (на македонски јазик).Тоа е дело на Ристо Стефов (Chris Stefou), роден на 11 јуни 1953 година во револуционерното село Ошчима, Леринско, во Беломорска Македонија. Како последица на економско-политичките случувања во Егејска Македонија, неговото семејство се иселило од дедовкиот праг во 1965 година кога Ристо имал дванаесет години и за секогаш се населиле во демократска Канада.

Ристо Стефов (Chris Stefou) е писателот кој живе и твори во Канада и кој ја афирмира Македонија од античко време до денес. Тој е добро познат во македонската заедница во Торонто, а е афирмиран автор во македонската дијаспора и во етничка Македонија. Ристо е автор на поголем прој публикации со кои се покажа и долажа како вљувеник во историјата и вистина за македонскиот народ и етничка Македонија.

Тој е автор на делото „History of the Macedonian people from ancient times to the present“ чиј преводот од англиски на македонски јазик под наслов „Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“ е на Соња Прус, а го уредил и подготвил за печат авторот на овие редови, Славе Катин. Делото е издание на книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје, а е отпечатено во печатницата „Софија“ во Богданци. Рецензенти на делото се: академик Антоније Шкокљев – Дончо и Славе Николовски – Катин.

Оваа значајно историско дело кое за прв пат е печатено на англиски јазик во Торонто е огледало на вистината за македонскиот народ и за Македонија од антички времиња до денес. Книгата е поделена на 29 глави во кои се третира историскиот развој на македонскиот народ и Македонија од најпрвото македонско кралство преку издигнувавето на Македонската Империја, до денешното формирање на македонската независна, демократска и самостојна држава – Република Македонија.

Крај

Пишуваат:

1slave5 РИСТО СТЕФОВ И

1slave 1 СЛАВЕ КАТИН