Буџетот на Делчево за 2017 година реализиран со 77 проценти

Од вкупно планираните приходи во Буџетот на Oпштина Делчево во износ од 258.888.629 денaри за 2017 година, наплатени се 204.376.439 ден., односно 79% во вкупниот буџет, a од основниот буџет од вкупно планираните 89.134.000 денари се наплатени 67.802.800 или изразено во проценти 76 отсто. Раководителката на Одделението за финансии и буџет во Општина Делчево Анка Христова, истакна дека од вкупно планираните расходи во Буџетот за 2017 година во износ од 258.888.629, реализирани се 199.048.137 или 77 отсо , додека во основниот буџет од планираните 89.134.000, се реализирани 66.621.980 или 75 проценти.

– Од данок на имот се инкасирани 13.356.069 денари, а од данок на плати и други лични примања 1.800.889 денари, додека даноците од специфичните услуги се во висина од 15.053.834. Таксите за користење или дозволи за вршење дејност изнесуваат 1.472.376, неданочните приходи се наплатени во износ од 1.783.039. Капиталните приходи се наплатени во износ од 2.486.949, односно приходи од продажба на земјиште се 277.921,приходи од закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост се 742.118, надомест за утврдување правен статус на бесправно изградеени објекти 1.261.111, истакна Христова.

Во однос на расходите, Христова истакна дека во 2017 се реализирани 77 отсто од планираните.

– Платите, наемнините и надоместоците на вработените, избраните и именуваните лица во општината, кои се регулираат согласно со важечките прописи и интерните акти на општината, се планирани во износ од 22.584.000, а се реализирани во износ од 21.155.673 денари и зафаќаат 31,7 отсто од вкупно реализираните расходи во основниот буџет. Во општинскиот буџет се планирани вкупно капитални расходи во износ од 36.496.000 денари, а се реализирани во износ од 21.807.673 денари или изразено во проценти 60 отсто, а во однос на вкупните расходи во основниот буџет процентот е 33 отсто. За проекти за патишта се реализирани 1.579.416 денари, за изградба на улици и патишта 10.044.195 денари, реконструкција на улици и патишта, 9.004.039 денари, изградба на капацитети за водоснабдување 384.792, проекти на други објекти 25.569 денари, рече Христова.

Во капиталните расходи за 2017 година, се изградбата на патот Делчево-Вратиславци-Очипала, реконструкцијата на улиците „Ванчо Прке“,  „М.М.Брицо“, „4 Јули“, „Кирил и Методиј“,  „Рударска“, „Пере Тошев“,  „М.Хаџи Василев-Јасмин“ во село Тработивиште, „Кеј на Брегалница“,  „Разловечко востание“, пешачка патека „Илин Камен“ и други помали пристапни патеки, како и изработка на проекти за улици и патишта.