Средба на директорот на КОВЗРГ, Сотировски со претседателот на друштвото „Илинден”

Претседателот на македонско друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај и генералниот координатор на друштвото за Македонија, Ламбе Шатровски, остварија средба со директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), Даријан Сотировски, објави весникот „Илинден“.
Според истиот извор, на работната средба Ѓурѓај, го информирал Сотировски за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија. При тоа биле актуализирани прашања кои се однесуваат на проблемите на македонско национално малцинство во Република Албанија.

– Низ дискусијата, Сотировски, покажа исклучителен интерес за положбата на Македонците во Република Албанија. Секако, искажа подготвеност да помогне за подобрување и унапредување на малцинските права на Македонците во Република Албанија, наведува весникот.

На средбата, Ѓурѓај на Сотировски му подарил комплет од изданијата на весникот „Илинден“ и му се заблагодарил за срдечна средба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *