ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СИЛЈАН МИЦЕВСКИ“ ОД АВТОРИТЕ
СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН И ЃОРЃИ ЛУМБУРОВСКИ
Битола е прв град во Македоија што ја почувствува Вторта светска војна. На 5 ноември 1940 година италијански авиони, за жал, го бомбардираа градот. А, по агреијата на фашитичките земји врз Калството Југославија, единиците на дванаесеттата германска дивизја на 9 април 1941 година влегле и ја окупирале Битола. На 18 април 1941 година во Битола влегле единиците на Петтата бугарска армија.
И во Битола бугарскиот фашистички окупатор воспоставил своја власт. Со воспоставувањето на окупациајта, започнале тешки денови на глад, террор и денационализаторска пропаганда. Како последица на настанатата состојба, на 2 август 1941 година партиската организација и СКОЈ во Битола организирале масовни илинденски демонстрации, ставајќу му на знаење на окупаторот дека не го признаваат и дека ќе се борат до неговото изгонување.
На 22 април 1942 година, во пазувите на Пелистер, кај Лавчанска Корија бил формиран првиот битолски партизански одред ,,Пелситер”, составен од 22 борци. Потоа, на 6 јули 1942 година, на Бигла Планина, бил формиран битолско-преспанскиот одред ,,Даме Груев”. На 2 август 1942 година овој одред на денот на Илинденското востание, го нападнал и ослободил селото Смилево и водел повеќе борбени акции против фашистичкиот окупатор.
На 11 март 1943 година Битола доживеала голема трагедија. Германските и бугарските фашисти одвеле во логорот на смртта Треблинка во Полска 3.000 битолски граѓани – Евреи, каде што биле убиени.
На 22 авгут 1944 година била формирана Седмата македонска ударна бригада во кја најголем број од борците биле од Битола и Битолско. Напоредно со овие бробени успеси во Битола и Битолско силно се чувствувала дејноста на НОФ, АФЖ и НОМСМ. Народноослободителните одбори сî повеќе ја преземале улогата на трајна народна власт во овој крај.
Треба да се одбележи дека на Првото заседание на АСНОМ од Битола и Битолско биле избрани 21 делегат од кои 9 делегати зеле директно учество во работата на Заседанието. Од летото на 1944 година па сî до конечното ослободување, единиците на Седмата македонска ударна бригада и други партизански воени сили во Битолско воделе чести борбени акции и им нанесувале сериозни воени загуби на фашистичките воени сили.
На 4 ноември 1944 година борците на Седмата бригата го ослободиле градот Битола. Така, Народноослободителната борба и народната револуција во Битола и Ботлско биле крунисани со полн успех, а за населението во овој слободарски крај на Македонија започнала ерата на слободниот, нацинален, социјален и стопански развиток исполнет со голем хероизам, ентузијазам и работни победи.
Во триесеттите години на XIX век во Битола се јавуваат првите градски народни училишта. Бидејќи постојните црковнословенски училишта не биле во состојба да ги задоволат потребите на трговците и занаетчиите, во градот се отворале и световни училишта во кои се учело повеќе, а биле воведени нови – световни науки. Кон средината на XIX век битолските еснафи, во борба со грчката пропаганда, се избориле пред турските власти за отворање на редовно македонско училиште. Тоа било околу 1863 година, со првиот учител Јован Жинзифоф (татко на познатиот македонски поет Рајко Жинзифов).
Споменик од НОБ
Бидејќи престанало со работа, училиштето повторно било отворено во 1870 година, кога меѓу другите учителствувал и познатиот учебникар Димитар Македонски. Една година пред тоа, во Битола била формирана посебна црковно-училиштна општина, а во зградата на денешното основно училиште ,,Св. Кирил и Методиј работеле посебно машко и женско училиште. Во Битола работела училишта и на други јазици и народности во XIX век, според искажувањата на рускиот конзул Скрјабин, во градот работеле две класни училишта и 8 основни, а во почетокот на XX век 9 основни, 2 средни училишта, гимназијата ,,Идади Милки и учителската школа. По Првата балканска војна овие училишта престанале со работа, а децата се школувале во новоформираните српски државни училишта.
Покрај овие, во градот постоеле еврејски и неколку грчки училишта што í служеле на грчката пропаганда. Во 1855 година Лазаристичката мисија во Битола отворила основно училиште во кое се предавало француски, латински и грчки јазик. Во 1888 гоинда постоеле две вакви училишта (машко и женско) во кои доминирала католичката мисија и се викале ,,француски” училишта. И протестантите во 1908 година во Битола отвориле свои училишта. Секоја пропаганда во Битола настојувала да придобие што повеќе ученици-Македонци, во што особено била упорна бугарската пропаганда, поради тоа егзархијата доаѓала во судир со учениците-Македонци во Битола.
Во 90-тите години на XIX век Гимназијата во Битола станала еден од центрите за национална борба. Наставниците-Македонци и учениците барале наместо бугарскиот, како наставен јазик да се воведе македонскиот јазик. Во оваа Гимназија се школувале низа македонски познати ревоуционери. Меѓу двете светски војни, пак, во Битола постоеле: гимназија, трговска акадеија, ниже земјоделско училиште, граѓанска школа, ,,Радничка школа”, женско француско училиште и во градот, а во селата четиригодишни основни училишта.
Битолската гимназија и Трговската академија биле жаришта на револуционерна дејсност. Во нив се школувале низа истакнати македонски револуционери, како: Кузман Јосифовски, Борка Талевски, Мирче Ацев, Стив Наумов, Мите Богоевски и др. Во 1944 година, напоредно со ослободувањето на селата и низ Битолско се отворале училишта на македоснки јазик, а во градот, покрај основните, се отвориле и средни училишта на македонски јазик.
Вишата техничка школа, што почнала да работи во 1961 година, прераснала во Технички факултет во 1977 година, кога се формирал и основал и Правниот факултет. Повеќе стотици студенти од југозападниот регион на Македонија и пошироко се школувале низ овие виши школи. Стопанскиот и севкупниот растеж на Битола довел до негово прераснување во втор универзитетски центар на Македонија, кој, покрај вишите школи и факултети од Битола, во својот состав ги обединува високошколските институции од регионот на југозападна Македонија.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН