Зоран Заев и Талат Џафери режираа разочарувачки ден во Собранието, доведувајќи ја во прашање препораката за отпочнување на преговори за ЕУ. Ова е реакција на Амбасадорот на Република Франција, Кристијан Тимоние во врска со насилничкото и недемократско носење на штетниот закон за двојазичност.
СДСМ го погази деловникот за работа на Собранието. Владеачкото мнозинство ја спречи амандманската расправа и насилно го прогласи неуставниот закон за двојазичност за изгласан.
СДСМ ја обезвредни улогата на Собранието и пратениците и на сила истурка закон без да го испочитува правото на пратениците со амандмани да интервенираат во истиот.
Законот ваков каков што насилно го истурка власта е неуставен, неприменлив и штетен. За ВМРО-ДПМНЕ ваквиот закон е неприфатлив.
Насилното гласање е одлика на недостатокот на демократски капацитет на оваа власт. СДСМ покажа дека не знае да менаџира со државата за доброто на граѓаните. СДСМ во изминатава година демонстрираше насилие, незнаење, расипништво и злоупотреба на законите и институциите.
Законите и институциите беа злоупотребени за пресметка со политичките неистомисленици на власта. Правосудните органи ги заборавија Уставот и законите и се ставија во служба на СДСМ, неосновано ставајќи во притвор десетина патриоти.
СДСМ мисли дека со сила ќе ја води државата, а со затворање на секој слободомислечки граѓанин ќе успее да влее страв кај граѓаните и кај ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ мора да знае дека се прочитани, граѓаните јасно го гледаат антидржавното сценарио и нема да се исплашат од Заев и неговите игри.
Граѓаните сакаат демократија и систем на почитување на законите. Граѓаните ќе му стават крај на ова безредие и насилие. СДСМ и сите извршители на нивните нелегални дејанија ќе сносат одговорност за своите постапки и дејствија.