Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска ќе престојува во посета на Република Северна Македонија.
За време на посетата, Брнабиќ ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски, а ќе присуствува и ќе се обрати на самитот што го организира „Македонија 2025“.
Поради посетата на премиерката Брнабиќ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во поширокото централно подрачје на Скопје. Од Секторот за внатрешни работи Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициски службеници.