Средба на Џафери со делегација на Комисијата за одбранбени и безбедносни прашања на Собранието на Косово

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска оствари средба со делегација на Комисијата за одбранбени и безбедносни прашања на Собранието на Република Косово, предводена од претседателот на Комисијата, Бека Бериша. На средбата присуствуваше и Илија Николовски, заменик-претседател на Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Северна Македонија.

-Претседателот Џафери истакна дека одличните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Република Косово се карактеризираат со успешна соработка на бројни полиња од заемен интерес, меѓусебна поддршка и почитување, како и отворен и конструктивен дијалог. Тој потсети дека во рамките на неговата официјална посета на Република Косово во март годинава, со претседателот на Собранието на Република Косово, Глаук Коњуфца, се заложиле за реализирање меѓусебни посети и продлабочување на соработката меѓу соодветните комисии од двете собранија. Нагласувајќи дека двете држави споделуваат исти стратешки определби и цели во однос на надворешната политика, Џафери истакна дека Република Северна Македонија принципиелно ги подржува евроатлантските аспирации на Република Косово и во континуитет искажува подготвеност за пренесување на стекнатите знаења и искуства, соопшти Кабинетот на Џафери.

Претседателот на Собранието, исто така, го повтори афирмативниот став на земјата за пристапување на Република Косово кон сите мултилатерални и регионални иницијативи и форуми. Нагласи дека Република Северна Македонија од 2007 година обезбедува логистичка поддршка на НАТО-мисијата во Косово, а од 2020 година како земја членка на Алијансата, во КФОР придонесуваме и со контингент војници на Армијата на Република Северна Македонија.

Во соопштението се наведува дека претседателот Џафери изрази и поддршка за дијалогот Приштина – Белград врз основа на рамноправна комуникација и во насока на постигнување конечен, заемно прифатлив договор.

-Претседателот на Комисијата за одбранбени и безбедносни прашања на Собранието на Република Косово, Бека Бериша, изрази благодарност за континуираната поддршка од Република Северна Македонија за Република Косово на сите полиња, а особено во доменот на евроатлантските интеграции и се заложи за продолжување на конструктивната соработка и размена на ставови. Нагласи дека Косово посветува особено внимание на инфраструктурното поврзување со Северна Македонија, со цел поблиско поврзување и соработка меѓу двете пријателски земји. Истовремено, беше побарана наша поддршка за членството на Република Косово во Советот на Европа и за забрзување на процесот на визна либерализација за косовските граѓани со земјите на ЕУ, информира Кабинетот на Џафери.

Соговорниците разменија мислења за соработка меѓу двете земји на полето на безбедноста и одбраната, а пред сè обуките и образованието на кадри, размената на искуства во заеднички вежбовни активности, средбите на експерти итн.

-Беше истакнато дека по воената агресија на Руската Федерација врз Украина, државите ги преиспитуваат своите безбедносни политики и нагласена е потребата за заеднички активности во однос на глобалните закани. Северна Македонија и Косово се на вистинската страна, со осуда на агресијата и поддршка на Украина, украинскиот народ и институции. На средбата стана збор и за придобивките од првата заедничка седница меѓу Владите на Република Северна Македонија и Република Косово, како позитивен импулс за интензивирање на билатералните односи и надградување на заедничките интереси за поблиска соработка. На крајот на средбата, соговорниците оценија дека оваа посета ќе