Претседателот Стево Пендаровски денеска положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ по повод 119-годишнината од неговата смрт.
Претходно, претседателот Пендаровски напиша на својот Фејсбук профил дека македонскиот револуционер и визионер Гоце Делчев е светски хуманист со високи интернационални и космополитиски погледи.
-Денеска одбележуваме 119 години од смртта на македонскиот револуционер и визионер #ГоцеДелчев.
Тој не е само апостол на македонската револуција, тој е светски хуманист со високи интернационални и космополитиски погледи. Слава му!, напиша Пендаровски.