ЗНАЧЕЊЕТО НА ДЕЛОТО „ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА“

ДЕЛ ОД ТВОРЕШТВОТО НА СЛАВЕ КАТИН

Публикациjaта „Придонесот на Македонците во светската цивилизација“ чиј автори се академик Антоније Шкокљев-Дончо од Белград и Славе Николовски-Катин од Скопје е издание на  „Македонска искра“ од Скопје, издадена во 2004 година, на 346 страници, чиј рецензенти се д-р Васил Тупурковски и д-р Вера Стојчевска – Антиќ е посветена на Македонија и Македонците во античкиот период.

Во воведот на публикациjata „Придонесот на Македонците во светската цивилизација“ се вели дека непосреден повод за оваа публикација е повторното отворање на “македонското прашање” како завереничка концепција на историјата, која не се симнува од дневно-политичката светска сцена веќе 2 500 години, реметејќи ги меѓународните односи на овој многу чувствителен простор на Европа.

Истражувањата на овој план имаат за цел да придонесат за согледување на историската вистина за автохтоноста на македонскиот народ, неговиот национален идентитет и континуитет, за придонесот на Македонија во светската цивилизација, но и за Македонците и спротивставувањето на историските злоупотреби на македонското прашање.

Оваа книга е посветена на Македонија и Македонците, односно на прашањето дали издвоените политички ентитети имаат исклучиво право на монопол над историското наследство, односно дали денешните млади генерации, родени и израснати во двата политички конфротирани дела на Северна и Јужна Македонија, се одраснати и воспитани со убедување дека Македонците немаат доволно сознанија за историскиот факт дека се делови од еден народ и од една земја која се нарекува Македонија.

Како да бидат убедени денешните Грци, чии предци на Балканот дошле во XI век п.н.е. без ова име, туку дошле како Дорци (Херодот, I, 56), а името не го добиле ни 800 години подоцна во Хомеровата “Илијада”, во VII век п.н.е.,туку како Ахајци, Аогејци или Данајци, а покасно како Хелени, Греки или Ромеји (Мпампиниотис, 1998, 596). Како да се сфати тоа што името Македонија не е најтесно поврзано со она што некои современите историчари погрешно го нарекувале “елинизам”. Елините првпат во својата вековна историја, административно го освоиле јужниот дел на Македонија дури по Првата балканска војна 1912 година, односно во 1913 година (Букурешки договор, 13. 08. 1913 година).

За публикациjata „Придонесот на Македонците во светската цивилизација“имаше неколку промоции и тоа во Скопје, Торонто и Љубојно. Првото претставување на делото пред македонската јавност бече во Домот на АРМ во Скопје на 25. 05. 2004 година. Пред голем број видни личности од политичкиот, општествениот живот и број Македонци од етничка Македонија  делото го претставија проф. д-р Вера Стојчевска и д-р Васил Тупурковски. Во нивните излагања, меѓу другото, беше изнесено следното:

„Со делото „Придонесот на Македонците во светската цивилизација“ се потврдува нараснатиот научен интерес за анимиран пристап кон историјата на Македонија, особено кон античкиот период, кој посебно кај нас не бил често и континуирано истражуван и претставуван. Нараснатиот интерес не е случаен и доаѓа во одредена еволуција на прашањата во посочениот контекст. Токму затоа имаме можност со интерес да го проследиме и ова дело, кое се осврнува на историскиот развоен континуитет на Македонија.   

Во трудот е проследена традиционалната македонска култура и наследството. Посебен е акцентиран периодот на праисторијата на Јужниот Балкан, улогата на домородците и палеобалканската средина, селидбите на Ахајците, појавата на Микенската држава, миграцијата на Дорците, Дорската Спарта, Дорска АРГА, Македонија и друго“.

Посебно внимание му е посветено на   античкото – македонското кралство Агреада. Притоа, се користат доста делови од Историјата на Херодот и други извори. Притоа е проследен периодот на Македонија од Пердика до Пердика III, и дадена е табела на кралевите од македонската античка династија на Аргеадите, како и   на Антигонидите.

Во делот озаглавен како “Античка Македонија” доминираат и недоволно до денес истражените области од културните достигања на Античка Македонија. Имињата на многу божества укажуваат на македонска, а не на елинска етимологија. Посебно е разгледан развојот на писмото во Македонија.

Во најново време е нараснат интересот за јазикот на античкте Македонци. Во светот се појавија повеќе трудови на оваа тема, посебно и за палеоглосијата на Балканот. Македонците во антиката зборувале со посебен јазик, неразбирлив за Елините, за што авторите даваат повеќе сведоштва.

Еден од деловите на оваа публикација се однесува на Александар Македонски, со сите негови подвизи и дела, посебно формирањето и состојбата на единственото Македонско царство, со цивилизацискиот придонес, со целиот блесок на создавње на познати градови со висока култура и библиотеки (како пример – Александрија, итн.) Притоа се проследуваат сите истакнати уметници и значајни творци од тие периоди.

Неверојатно интересни соопштенија добиваме во делот озаглавен “Македонија во римскиот период”. Долгогодишните војни меѓу македонската и римската војска завршија во 176 година пред н.е. со победа на Римјаните на чело со Емилио Паул. Со тоа завршила независноста на земјата на Филип II и Александар Македонски, по илјадници години траење. Меѓутоа, Македонците и нивните пројави на сеопшт план не престанале, што е и предмет на ова излагање.

Продолжува

1Dusan Ristevski ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН