ВМРО-ДППМЕ ќе поднесе кривична пријава против Талат Џафери

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Талат Џафери за флагрантно кршење на Уставот и на законите, изјави вечерва лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, откако Собранието попладнето без амандманска расправа го донесе Законот за употреба на јазиците.

Мицкоски најави дека партијата ќе поднесе и иницијатива до Уставниот суд за да се произнесе за уставноста за овој закон.

– Ова безредие нема да трае вечно, злосторниците ќе одговараат за своите злодела. ВМРО-ДПМНЕ останува на бедемот на државните интереси, рече Мицкоски.