ОСВРТ НА Д-Р ДИМИТАР КЕРАМИЧИЕВ ЗА ДЕЛОТО „ЈАНОВСКИ“

ШТО РЕКОА ИСТАКНАТИ ЛИЧНОСТИ ЗА ДЕЛАТА НА СЛАВЕ КАТИН

На промоцијата на делото „Јановски“ што се одрша на 16 април 2003 година во Народната и Универзитетска библиотека „Св. Климент Ох­ридски“ во Скопје, свое излагање под наслов „Предноста и моќта на книгата“ имаше д-р Димитар Керамичиев, претседате на Матицата на иселениците од Македонија. Во своето излагање д-р Димитар Керамичиев го истакна  следното:

Ми претставува чест и задоволство што ми е дадена можноста да го искажам своето мислење за трудот кој денес се промовира – монографијата за семејството „Јановски“ од Славе Николовски – Катин, веќе 20-ти по ред труд, со тематика за македонското иселеништво. Овој труд на Славе Катин го прочитав, речи си, во еден здив, при што ме опфати силно чувство на восхит, чувство на прекрасно задо­вол­ство. Се навратив од почетокот, од првите страници, ги прочитав повтор­но потцртаните зборови, реченици и мисли и се обидов да ги објаснам чув­ствата што ме исполнија. Утврдив неколку моменти: прво, самата струк­тура на содржините на монографијата овозможува да се добие сосема јасен и целосен увид на основната цел на авторот.

Меѓу нашата научна и публицистичка елита тешко може да се најде личност која може да се спореди со обемот, разновидноста на со­др­жи­ни­те и психолошката вдлабоченост, со кои се карактеризира богатиот опус на Славе Катин кога станува збор за неговите трудови кои се од­не­суваат за Македонците раселени по целиот свет, пред се’, во САД, во Ка­нада и во Австралија.

Во што е предноста и моќта на Славе Катин за да биде нај­ко­н­ти­нуиран, најширок, најсеопфатен и најавтентичен, како што вели ака­демик Блаже Ристовски во својата рецензија за книгата на Славе Катин „Македонците во САД и во Канада“, кога се во прашање проблемите на македонското иселеништво? 

Мислам дека за таквата успешност на Славе Катин значајни се некои негови карактеристики, пред се’, без двоумење тоа е плод на структурата на неговата личност во која доминантна улога игра неговата изразена сензитивна перцепција која му овозможува да ги гледа нај­осет­ливите, би рекол, најскриените видови на однесување на Македонците во иселеништвото и без тешкотии да ги објаснува.

Си земам за право да кажам дека ста­нува збор за надареност и со присуство на високо ниво на конотивно-мо­тивациско влијание. Вториот значаен фактор, за да се создаде ова извон­редно дело на Славе Катин, е неговото добро познавање на маке­донското иселеништво, кое долги години го проучувал.

Во нашите први кон­такти имав впечаток за потоа тој да се транс­фор­­­мира во увереност, дека Славе Катин живее со проблемите и на­ста­ни­­те на македонското иселеништво, како да е тоа дел на неговата лич­ност. На секаде низ све­тот ги познава сите македонски цркви и црковни оп­­штини, организации, друштва и многу многу поединци, од пред многу го­­ди­ни и сега. Кај Славе Ка­тин постои трајна ориентација на неговата свест кон појавите и проб­лемите на Македонците во исе­ле­ништвото. Зна­чај­но е да се потенцира дека кај овој автор постои позитивен емоциона­лен од­нос, како и јасно изразени позитивни ставови.

Среќата на семејството Јановски им беше наклонета што ја избраа Канада за своја втора татковина, зашто само таква земја (која го признава мултикултурното шаренило, со континуирана недискриминаторска по­ли­тика, каде секој има право на слобода на изразување на мислата, на ве­рата, на негување на сопствената култура, обичаи и мајчиниот јазик), мо­жеше да им овозможи да го изразат целиот свој потенцијал.

Секако, бла­годарение на сите особености на едно типично македонско семејство и на наследената надареност и талентираност (иако без особено об­ра­зо­вание, особено стожерите на семејството – таткото Ѓорѓи и неговите си­нови Петре, Марко и Васил), но, во канадски услови, и прифаќањето како особини: на енергичноста, на динамичноста, на дисциплинираноста и на организираноста, што се бараат и се важен предуслов за успех во за­падната цивилизација.

Јановци се големи донатори и покровители на црквите и на сите секции (културно-просветни, об­ра­зовни, спортски и др.), кои функционираат во рамките на маке­дон-ските цркви. Едноставно: тие ниту во еден момент не заборавија дека се Македонци, непрекинато интересирајќи се не само за она што се случува во нивното Велушина, туку и за настаните и животот во нивната Маке-до­нија. И во овој дел авторот Славе Катин ги пренесува нивните стре­межи, нивните желби и надежи со една посебна ерупција на задоволство што лесно се пренесува и кај читателот.

За да не остане сам во своите раскажувања, на крајот на книгата авторот ги пренесува и исказите на повеќе лица (свештеници, новинари, бизнисмени и пријатели), кои зборуваат што значи семејството Јановски меѓу Македонците во Торонто и пошироко и што значи за бизнисот во Ка­нада.

Продолжува

1Dusan Ristevski ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН