ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ“ (МАКЕДОНСКИ) ОД УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН

 

Според Урлих Вилкен Александар Македонски е човекот за кој најмногу се зборува, најславен човек во современиот век. Меѓутоа, кога критиката го нападна Александар на Тарн зашто беше премногу идеалистичен, тој одговори во еден научен труд дека Александар Македонски бездруго бил првиот кој размислувал за обединување на човештвото. Неговата унија ја опиша (употребувајќи го терминот „хомонија”) како една од најголемите револуции на човечката мисла.

Тарн беше адвокат по занимање, a им посвети големо внимание на овие настани со цел да го поддржи својот став и покажа бистроумност во работата. Неговата лоша здравствена состојба го присили да се повлече во 1905 година, a co тоа беше спречен остатокот од својот живот да го посвети на историските работи. Тарн беше добро ситуиран и не сметаше дека треба да бара универзитетска позиција како средство за помош. Сместен на својот шкотски имот, повремено патуваше во Лондон за да прибере материјал. Тој живееше „добар” живот на повисоката британска класа.
Една критика се однесува на: „мирниот џентлменски и спортски Александар на Тарн”, дополнета „со извонредни погледи за животот, смртта и честа, како и за воздржаноста во љубовта и виното кои се здружени во англиското благородништво”. Тарновиот идеалистички Александар Македонски стана доминантен портрет. Покрај тоа, пореалната и поточната (иако можеби помалку интересна) концепција на Вилкен избледе кај поголемиот број проучувачи на оваа материја.

Делумно како одговор на критиката кон него, a сигурно во одбрана на делото на својот херој, во 1948 година Тарн ја издаде книгата „Александар Велики” во два тома. Првиот том претставува кратка биографија за Александар Македонски, малку ревидирана верзија на него-вите поранешни статии од книгата „Античка историја” издадена во Кембриџ, во која главните тези за мотивите и концепциите на Александар енергично се презентирани.

Вториот том со поднаслов „Потекло и студии”, е серија на проучувањата на главните промени во учењето на Александар Македонски, како и детално размислување за потеклото на проблемот. Иако следбениците не се сложуваат во целост со погледите и заклучоците на Тарн, општа е оцената дека ова дело претставува чекор напред во проучувањето на Александар Трети Македонски, манифестирајќи ја внимателната истражувачка дејност и ерудицијата со која авторот го изгради портретот на Александар Македонски.
Спротивно на идеализираниот лик од Тарн, A. P. Брн врз Александар фрла друга светлина. Одличен генерал, моќен владетел, силна личност, Александар Трети Македонски на Брн остава послаб впечаток надвор од античкиот грчко-римскиот свет. Неговата империја пропадна, па дури и митологијата ја опкружи неговата личност, која формира широка традиција во азискиот фолклор, и беше единствен производ на класичната романтичност.

За Брн единствена заслуга на Александар Македонски е проширувањето на македонското и грчкото влијание на Исток, но ова го исцрпе елинизмот и ги спречи античките Елини-Грци да се здобијат со доволна моќ за да ја одбијат римската доминација. Можеби ниту еден од современите писатели не се противставувал толку силно на стандардната интерпретација на Александар како историски херој.
Вo 1949 година, Ф. Шахермаер ја издаде книгата „Александар Велики, неговата природна надареност и моќ” на германски јазик и претстави таков Александар кој, според еден критичар, е како „концепција што би била невозможна пред Хитлер и Втората светска војна”. Александар Македонски на Шахермаер е брилијантен, иако немилосрден, човек со амбиција кој ја определил и границата на античка Македонија, која беше малечка, па затоа решил да го прошири својот свет и своето кралство.
Поседувајќи силно его и неограничена моќ да дејствува решително, овој Александар успешно ги отфрлил ограничувањата на македонското феудално благородништво и во Азија се покажал како немилосрден.

Немилосрден, моќен и мистичен, тој го урнал стариот поредок и создал нова светска држава, според своето сопствено убедување. Однесувајќи се „како млад нацист што се изгубил во Алпите”, се покажал способен да го исполни сонот за освојување на светот.
Ваква е концепцијата на Шахермаер, која делумно е предание започнато од Драјзен, но секако речиси поинтензивирано врз искуството во Германија. Шахермаер на крајот се зазема за тоа дека светот видел многу титани, па нека се соочи уште со еден.

Во последниве години делото на Ернс Бадијан придонесе да се разбере Александар преку претставување на делото на Тарн и друг вид критика. Бадијан како и Шахермаер го поддржува мислењето дека Александар Македонски барал пошироки хоризонти отколку неговото кралство во античка Македонија.

Издигнат на престолот од благородниците, кои се надевале да владеат преку него, Александар Македонски наскоро сфатил дека треба да ја зачува својата независност од различните античко-македонски фракции на кои тој им бил играчка.

Редејќи успех по успех на бојните полиња во Азија, Александар Македонски почнал да ги заменува постарите антички Македонци со други луѓе. Многумина протерал од својот двор и станал крал со свое сопствено владеење. Цената што ја платил за својата слобода, меѓутоа, била бариера што ја изградил меѓу себе и европските традиции, бидејќи Александар Македонски се однесувал како ориенталски деспот.

Тој не бил способен да се повлече од врвот на моќта, кој во исто време бил и врв на осаменост. Бадијан не дава точни биографски податоци (а се очекуваше дека тој ќе го стори тоа), но Александар кој почна да се појавува во неговиот популарен напис е човек кој се искачил на врвот со цел да се пронајде себеси, но притоа се одделил од своите сопствени обичаи, а станал немилосрден поради несигурноста.

Продолжува


Пишува: СЛАВЕ КАТИН