Власта и опозицијата со различни ставови за Извештајот на ЕК, Гир ги повика да се обединат околу европската агенда

Власта и опозицијата повторно си ги разменија различните гледања на Извештајот на ЕК за напредокот на земјата за 2021 година кој беше разгледан на денешната седница на матичната собраниска Комисија за европски прашања. Разгледувањето на Извештајот со задоцнување од речиси пет месеци од неговата презентација, како што истакна претседателот на Комисијата, пратеникот Арбер Адеми, е поради немањето услови за тоа заради одржувањето на локалните избори, како и поради оставката на Владата и изборот на новата Влада.

Евроамбасадорот Дејвид Гир повтори дека Извештајот потврдува дека земјата ги исполнува условите за старт на преговорите, но и дека треба да продолжи со реформите за остварување натамошен напредок кон нивната имплементација во борбата против корупцијата и организираниот криминал, владеењето на правото, во изборното законодавство, реформите во јавната администрација. Земјата ја има поддршката од ЕУ за постигнување на овие цели.

-Што се однесува на работата на Собранието, извештајот повикува на зајакнување на улогата на Парламентот, да се води конструктивен дијалог особено во ппоглед на европската реформска агенда. Се констатира дека постои поларизација, особено  во поглед на Ковид 19. Парламентот продолжува со својата легислативна функција, но се забележува дека треба да има помала и ограничена употреба на скратените постапки за носење на законите. Многу е важно да има соработка меѓу различните политички партии за успех во реформите. Затоа ги повикувам сите пратеници да соработуваат за да се постигнат заедничките цели за исполнување на европската агенда, рече меѓу другото амбасадорот Гир.

Новиот вицепремиер за европски прашања и национален ИПА координатор Бојан Маричиќ ја искористи можноста при првото учество во работата на Комисијата да ги презентира приоритетите на неговото работење. Како што нагласи тоа се: подобрување на координацијата и насочување на реформите за целосна европеизација во земјава, за што Собранието има улога бидејќи сите нови закони мора да го поминат филтерот на собраниските тела и пред се оваа комисија. Потоа грижа за подготовката на тимовите и процесите за преговорите со ЕУ, подобрување на абсорпцијата на ИПА средствата и другата странска помош, и продолжување со зајакнато темпо во подготовката на националната вцерзија на правото на ЕУ – акито. Според него, не изненадува што Извептајот констатикра дека земјата продолжува да ги исполнува услобите за страрт на прегвоорите, имајќи ги предвид оценките по поглавја, но вели не чека уште многу работа.

-Процесот на евроинтеграцијата е прашање околу кое треба да имаме обединет пристап за да можеме поефикасно да ги споведеме реформите во заеднички интерес на сите политички партии но и на целата држава. Темпото на реформите најмногу зависи од нашата посветеност и искрен пристап како и широкиот конзензус во општеството, но исто така и во ова наше Собрание кој е неопходен за да напредуваме со посакуваното темпо. Формалниот почеток на пристапните преговори секако дека ќе го обезбеди неопходниот поттик за спроведување на подлабински реформи со забрзана динамика не само во усогласување со правото на ЕУ туку и во суштинска имплементација на донесените закони. Сепак тоа не значи дека ние додека ги почнеме преговорите ќе седиме и ќе чекаме напротив, многу скоро очекуваме нов прилагоден реформски план со нови задачи, вели Маричиќ

Претседателот на Комисијата Адеми се осврна на оценките и препораките во Извештајот, како и на, како што рече, ветотото на Бугарија како пречка за стартот на преговорите, тој нагласи дека и во двете земји има нови влади кои дадоа нов импулс и раздвижување на билатералната соработка со нашиот источен сосед. Се надева дека летот на првиот авион од Скопје за Софија на новата линија симболично ќе биде и новиот предвесник за воспоставување на подобри економски, политички, и пред се, пријателски односи со нашиот сосед, но, вели, „една ластовица не ја прави пролетта“ и сите се свесни дека ни претстои многу работа, дека не смееме да се дефокусираме од агендата на европските реформи.

-Ако не беше бугарското вето Советот ќе ја усвоеше Преговарачката рамка и ќе ја одржевме првата меѓувладина конференција согласно мартовската препораката од 2021 година кога членките на Европскиот совет  ја одобрија одлуката за отворање на преговорите за пристапуавње со СМ. Значи не можеме да бегаме од реализацијата на Договорот за добрососедство како и од пакетот 4+1. Доколку сме целосно фокусирани да ги започнеме преговорите неопходна е нашата посветеност на добросодските односи и регионалната осработка и опипливи резултати во спорведувањето на билатералните спогодби вклучително и Договоорт од Преспа, Договорот со Бугарија, и европските реформи кои треба да донесат подобвар живот за граѓаните, рече меѓу другото Адеми.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска се осврна на забелешките во Извештајот каде земјата е оценета со пониски оценки во однос на претходниот Извештај на ЕК како што е правосудство и фундаментални права во делот на јавното обвинителство и судството, која е вели падната за две оценки од 4 на 2.

-Во Извештајот стои дека опозициските партии останаа активно вклучени во Собранието и во одредени случаи ги поддржаа клучните закони поврзани со ЕУ. Моето прашање е дали мнозинството во Собранието е доследно на својата задача и опдговорност бидејќи многу пати немаат кворум на работните тела и седниците. Во однос на транспарентноста на власта, ние имаме 45 до 50 проценти закони донесени на брза лента со флагрантно кршење на процедурите од деловникот и злоупотреба на европското знаме и за закони кои не се усоглаасуваат со европското законодавство, рече Пешевска која меѓгу другото упати апел до амбасадорите на ЕУ членките да се заложат спорот со Бугарија да се реши според европски принципи.

Пратеничката Снежана Калевска Ванчева од СДСМ оцени дека важно е градењето на парламентараната демократија, вистински демократски процеси кои подразбираат вистинска дискусија и консензус помеѓу сите претставници во законодавниот дом на вистински начин, бидејќи, вели таа, во Собранието почнува и завршува се.

-Без критика нема напредок, но, дали критика е отворен критицизам коченење на се што може да се закочи само по цена да се дојде на власт? Не би рекла дека се тоа демократски процеси. Но ние ќе продолжиме да подаваме рака, заедно да го одиме патот кон ЕУ и знам дека на крајот ќе постигнеме тоа што треба да го завршиме како наша домашна задача. Бидејќи ако го видиме Извештајот јасно кажува дека опозицијата за одредени европски закони дала свој придонес, за жал сите сме свесни дека клучни закони како Законот за академија на судии и јавни обвинители е се уште заглавен, рече Калеска Ванчева.

Во однос на преговорите со ЕУ таа рече дека очекува да се случат оваа годна, иако, вели, тоа не зависи од тоа колку сме добри и посветени, туку од ирационалниот спор со Бугарија, кој мора да го решиме.

-Она што се случува последниот месец дена во односите со Бугарија е добро и може само на таков начин да дојдеме до приближување. Нас ни треба вистинско запознавање, заппознавање на она што е во нашата колективна меморија врежано од двете страни. Говорот на опмраза треба да се претвори во говор на добросоедство, во конструктивност. Но, за жал ние се уште имаме говор на омраза во ова Собрание, во нашата држава, непочитување на едни со други и тоа се прелева и надвор и тоа е нешто на кое мора да работиме многу во сседниот период како што мора да работиме на реформите во правосудството, спречување на корупцијата, зголемување на нивото на траснпарентност за што имаме прилично висока оценка.., вели Калеска Ванчева.