Советодавниот совет за национална безбедност на Бугарија ќе расправа за Северна Македонија

Претседателот на Бугарија Румен Радев за денеска свика состанок на Советодавниот совет за национална безбедност.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, темата е „Интеграција на Западен Балкан во ЕУ. Улогата на Бугарија во проширувањето на ЕУ и во процесот на стабилизација и асоцијација: Република Северна Македонија и Албанија“.

На него ќе учествуваат лидерите на сите парламентарни партии и коалиции во 47. Народно собрание на Бугарија, неговиот претседавач Никола Минчев, како и потпретседателката на државата Илијана Јотова.