Во историските документи е забележано дека со создавањето на македонската држава во 1945, и со прогласувањето на нејзината самостојност и независност во 1991 година, состојбата во иселеништвото рапидно се изменети. Круната на тој историски вознес беше обновена на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква, чија улога на обединувачки фактор на Македонците дојде до израз и во Македонија и кај Македонците насекаде во светот
Кога се пишува за организираното дејствување во прекуокеанските земји, треба се каже дека тоа го опфаќа мнозинството македонски иселеници. Притоа, важна компонента на ваквото организирање е тоа што тие се сплотени во самостојни асоцијации, пред сѐ цркви и црковни општини, во кои членуваат Македонци, без оглед од кој дел на Македонија потекнуваат. Притоа, верско-националните објекти, иселеничките организации и нивното членство постојано се зголемуваат, а нивната активност се проширува и квалитетно се подобрува.
Така, во изминатиот период се постигнати видни резултати во духовниот и културно-просветниот живот. Создадени се бројни македонски цркви и друшт ва, организации, спортски клубови и други форми на дејствување, во кои масовно се собираат доселениците ос Љубојно и од Преспа. Меѓутоа, од особено значење за активноста на македонските иселени- ци е создавањето на македонските православни цркви и црковните општини.
Македонските православни цркви, манастири и црковни општини во Австралија, Канада и во САД, а во последно време и во земјите на Европската унија и други држави, се најзначајните и најмасовните собиралишта на љубанци. Во тие македонски храмови, покрај богослужбата, слободно се слуша македонскиот збор, мајчиниот јазик донесен од стариот крај. Во тие културно-просветни и духовни центри работат македонски училишта, каде што се учи мајчиниот македонски јазик, националната историја и географија, а во голем број цркви и верска поука.
Според податоците на Стојан Лембо во книгата „Љубојно – љубов наша“, во 1996 година во Љубојно живееле 96 домаќинства, или 223 жители (за жал, денес тие бројки многу се намалени). Љубојно најмногу жители – 1209 имало во 1953 година. Меѓутоа, иселеничките процеси си го направиле своето.
Така, љубанци се преселиле насекаде во светот, и тоа: во Македонија 125 домаќинства, во Европската унија 20, во Србија 11, потоа во САД 172, во Канада 66, во Австралија 32 и 15 домаќинства биле иселени пред Втората светска војна. Или вкупно 517 домаќинства на кои им се протегаат корените во прадедовската земја, во Македонија, во Љубојно.
Црквата Свети Ѓорѓи Кратовски во Детроит
Македонските православни цркви и црковни општини во дијаспората се мошне ценети од тамошното општество, пред сѐ, поради резултатите што Македонците ги постигнуваат во работата, а и поради нивниот однос и висок степен на лојалност кон новата татковина. Меѓутоа, најзначајно е тоа што македонските иселеници, особено љубанци преку своите црковни општини ја афирмираат својата стара татковина, со што даваат прилог и на планот на меѓународните односи.
Одреден број Македонци во дијаспората, а со тоа и одреден број љубанци црквуваат во други цркви. Меѓутоа, најголемиот број од иселениците од Љубојно кои се распрскале по светот се доселиле во Мичиген Таму, Детроит е центарот на автомобилската индустрија и на други важни компании, затоа и станал „мека” за Македонците. Најголем број љубанци нашле сигурна егзистенција токму во автомобилските компании, а одреден број отвориле ресторани и други индустриски капацитети, во кои работат голем број доселеници.
Љубанци се многу активни во новите средини, пред сè, во мaкедонските православни цркви, а тоа се следните:
Во Детроит, Мичиген, во Македонската православна црква (МПЦ) Света Богородица досега активни биле: Јонче (Џан) и Милка Христов (Рајчовски), потоа Владо Пашариковски, кој бил првиот претседател на Управата, Јандрија и Асимења Митровиќ (Пашариковски), Ник Најдович (Карапашовски), Гоче Стефановски (Џајковски), Бошко Рајчовски – Пелистерски, Ратко Трифуновски, Митре, Васил, Славе и Дане Василевски, Методија Нивички, и други.
Во Детроит, Мичиген, во МПЦ Свети Ѓорѓи Кратовски досега активни биле: Лазо и Бона Нановски, Спиро Масралџиовски, Стојче Панчевски, Гоче Стефановски (Џајковски), Владо Видиновски, Владо Шерденковски, Богоја Вржовски и други.
Во Лакавана, Њујорк, во МПЦ Свети Кирил и Методиј досега активни биле: Цветко Фотевски, Бранко Петковски и Даница Германска.
Во Сиракјуз, Њујорк, во МПЦ Свети Ѓорѓи активен е Тале Германски.
Во Њујорк, Њујорк, во МПЦ Свети Климент Охридски активен е Зоран Котевски (Милевски).
Во Чикаго, Илиноис, во МПЦ Свети Кирил и Методиј и Света Петка досега активни биле: Павле Србиновски, Павле и Зорка Грежловски, Фоте и Лидија Спировски (Пашариковски), Борис Германски, Митре и Петре Ничевски, Васил Димовски.
Во Гери, Индијана, во МПЦ Свети Петар и Павле досега активни биле: Љупчо и Спаса Стојановски (Германски), Методија Калевски и Ристо и Вера Дораковски.
Во Синсинати, Охајо, во МПЦ Свети Илија активен бил Кире Карапашовски.
Во Кентон, Акрон и Маслон, Охајо, во МПЦ Свети Никола досега активни биле: Ванчо Дораковски, Миливој Паспаловски, Ристо Карапаша и Владе Алабаковски.
Во Лореин, Охајо, во МПЦ Свети Климент Охридски досега активни биле: Никола Стасовски, Илија Денкин, Спасе Шалковски и Трајан Думбовски.
Во ЛосАнџелес, Калифорнија, во МПЦ Света Богородица досега активни биле: Илија и Миле Паспаловски, Владе Николовски (Јанкуловски), Никола (Коле) Николовски.
Во ЈужнаФлорида, во МПЦ Свети Димитрија досега активни биле: Стојче и Јосиф Грежловски, Васил Стефановски (Џајковски), Славе Пашариковски, Јосиф Пашариковски, Владе Лембовски и Бошко Рајчовски-Пелистерски.
Во Темпа, Флорида, во МПЦ Свети Јован досега активни биле: Павле и Зорка Грежловски, Васил Јаневски, Спиро Масралџиовски и др..
Во Аризона во црквата Свети Архангел Михаил досега активни биле: Јонче Томулевски и Ристо Спировски (Пашариковски).
Свети Димитрија во Вулунгонг, Австралија
Во Торонто, Онтарио, во МПЦ Свети Климент Охридски и Свети Илија досега активни биле: Славе Николовски-Катин, Владе Марковски, Петре Василевски (Клунковски), Сандра и Јосиф Ничевски, Наум и Гордана Пашариковски, Кичо Нановски, Крстин Мартиновски, Јонче, Петре и Славе Паспаловски, Кичо Нивички и многу други.
Во Виндзор, Онтарио, во МПЦ Свети Никола досега активни биле: Џон Крстинович (Лубаров- ски), Борис Ревин, Борис Наумовски (Дупенски), Трајан Митревски (Врчковски), Владе Лембовски, Томе Масларџиовски, Кичо Шалковски, Јонче Пашариковски, Бошко Милевски, Ванчо Паша- риковски, Васил Симовски (Дораковски) и други.
Во Австралија, исто така, љубанци биле активни во поголем број македонски православни цркви. Така, Спасе Ложенковски бил еден од најактивните во црквата Свети Димитрија во Волонгонг, Лазо Јанковски во црквата Свети Никола во Перт, Јонче Петревски, Петре Петревски Цветко и Славе Милевски, Зоран Лембовски и други во црквите во Мелбурн, Ѓорѓи Баковски во црквата Света Петка во Сиднеј, Наум Бубутиовски и Спиро Манивиловски во црквата Свети Наум Охридски во Њукасл и други.
Во Европскатаунија, љубански активисти досега биле: Митре и Цане Грковски, Ристо Наумовски, Владо и Страшо Томулевски, Стево Јанкуловски, Илинка Јанкуловска, Вангел Бубутиовски и други.
Продолжува
Пишува СЛАВЕ КАТИН