ПОТЕКЛОТО НА ПРВИТЕ МАКЕДОНСКИ КРАЛЕВИ ВО АНТИЧКИОТ ПЕРИОД

Се случило сонцето да засвети низ оџакот во собата во која биле и кралот, кога слушнал дека тие зборуваат за плата, го изгубил разумот и рекол: “Еве ви ја платата што ја заслужувате; земете го ова – ви го давам вам!” и, додека зборувал, покажал на сончевате светлина.

Двајцата постари браќа, Гаун и Аерон, вчудоневидени од неговиот одговор, ништо не сториле; но момчето кое имало нож во раката, направило со него еден знак околу сончевата светлина на подот од собата и рекол: “О кралу! Ја прифаќаме вашата исплата.” 

Потоа, трипати ја примил светлината на сонцето во своите гради и така си заминал; и неговите двајца браќа заминале со него. Кога отишле, еден од оние кои седеле до кралот му кажал што направил најмладиот од тројцата и навестил дека тој мора да има нешто на ум со тоа што ја прифатил дадената плата. Тогаш кралот, кога слушнал што се случило, се налутил и испратил јавачи да одат по момчињата и да ги отепаат.

Во Македонија постои една река на која потомците на овие Аргивци /Argives/ нудат жртва за свое спасение. Речната буица толку многу се зголемила така што, кога синовите на Темен биле на сигурно на другата страна, јавачите виделе дека е невозможно да ги следат. Па така, браќата побегнале во друг дел на Македонија и се населиле во местото наречено “градините на Мидас, син на Гордиј.”

Во тие градини имало рози кои растат сами по себе, толку миризливи што други не може да им се приближат, а секој цвет има шеесет ливчиња. Тоа било таму, според Македонците, каде што Силениј /Silenius/ бил затворен. Над градините исправено стоела планината наречена Бермиј, која ја викале така бидејќи никој не можел да стигне на врвот. Овде браќата се населиле, а од тоа место постепено ја освоиле цела Македонија.” (Од првата Книга на Херодот од Халикарнас /Halicarnassus/, ~440 година пред Христа, Историјата на Херодот, преведена од Џорџ Роулинсон /~440BC THE HISTORY OF HERODOTUS, translated by George Rawlinson).

На ова место нема да навлегуваме во деталите за фамилијарните карактерни особини на македонската кралска куќа бидејќи е многу магловито и, во најдобар случај, претпоставка. Ако сакате да дознаете повеќе за ова, консултирајте ја стр. 31, Хамонд, “Чудото што беше Македонија” или стр. 80, Еуген Борза, “Во сенката на Олимп, Појавувањето на Македон”.

Херодот продолжува: “Од Пердика, за кого овде зборуваме, Александар потекнува на следниов начин. Александар бил син на Аминта /Amyntas/, Аминта на Алкета /Alcetas/; татко на Алкета бил Аероп /Aeropus/; на Аероп, Филип; на Филип, Аргеј, /Argaeus/; на Аргеј, Пердика, првиот суверен”. Со други зборови, познатите кралеви на Македонија пред времето на Херодот владееле вака: Пердика I, Аргај, Пилип I, Аероп I, Алкета, Аминта I и Александар I.

90p1Аргос

И повторно не бевме во состојба да најдеме многу за македонската кралска лоза и за дотсигнувањата на кралевите кои владееле до времето на Александар I (498-454).

Борза, во почетокот на Глава 5 од неговата книга “Во сенката на Олимп, Појаваta на Македон”, го опишува македонското кралство за време на владеењето на Аминта I како слабо, ретко населено и кое опстојувало во отсуство на надворешна закана. Територијата која Аминта ја контролирал за време на неговото владеење, ги опфаќала централната македонска рамнина и периферните подножја, пирејската крајбрежната рамнина (Катерини) под Олимп и, можеби, плодната рамнина Алмопија (Меглен) /Almopia (Meglen)/, опкружена со планини.

На југ биле распространети луѓето на Тесалија, а на западните планини биле Молосијанците /Molossians/ или народот од западен Епир, племиња на неаргеадски Македонци. Подалеку се простирале воените Илирци, а источно од реката Бистрица се простирале пеонските и тракиските племиња /Paeonian, Thracian/.

Како што се приширувало македонското кралство и си го пробивало патот до низините и до бреговите на Егејското Море, така тоа не било повеќе изолирано и почнало да ги ужива економските и културните текови на егејскиот свет, како и заплетканоста на неговата политика. По преместувањето на својот главен град во Ега, на Македонците повеќе не се гледало како на племенско кралство, туку повеќе како на кралство на чело со монарх. Тогаш, токму кога Александар I требало да биде крунисан, на македонското кралство се гледало како на сила со влијание. За жал, тоа се уште било слабо за успешно воено да се одбрани од своите моќни соседи.

За разлика од неговиот татко, Александар I се родил во свет на општествени турбуленции и политичка промена. Со издигнувањето на Персиската Империја и нејзиното проширување кон запад, новите конфликти само што не започнале да се случуваат што засекогаш ќе го изменат балансот на силите на Балканот.

90p2

Во еден обид да го опкружат Црното Море, персиските сили го поминале Босфорскиот Мореуз околу 513 година пред Христа, ја поразиле источна Тракија и марширале на запад до басенот на реката Струма. Победоносниот крал Дариј, кој ги поразил Тракијците, го оставил Мегабаз /Megabazus/,еден од своите команданти, да раководи со неговите сили, а тој се вратил во Персија.

Откако склучил мир со останатите тракиски племиња, Магабаз депортирал дел од заробеното население во Азија, веројатно за робовска работа, а испратил свои пратеници во Македонија да им понудат на Македонците можност за мирољубива спогодба. Плашејќи се од гневот на Персијците, кралот Аминта не пружил никаков отпор и љубезно ги примил пратениците. Како што вели приказната натаму, се одело добро додека Персијците не побарале македонските жени да ги забавуваат во текот на ноќта. Но, тоа барање не им се допаднало на Македониците и персиските пратеници исчезнале за да не бидат најдени никогаш повеќе.

Еве што Херодот имал да каже: {Што се однесува до Мегабаз, штом ги потчинил Пеонците /the Paeonians/, веднаш во Македонија испратил амбасадори-Персијци, избирајќи за таа цел седуммина најугледни од сите во војската, веднаш по него. Тие отишле кај Аминта и побарале тој да му даде земја и вода на кралот Дариј.

Постои многу краток засед преку езерото Прасијас /lake Prasias/ до Македонија. Сосема блиску до езерото се наоѓа рудникот кој подоцна на Александар му давал по еден талент сребро на ден; а од тој рудник треба само да се помине планината Дисорум /Dysorum/ за да се најдете на македонска територија.

Персијците ги испратиле седуммината на задача и кога стигнале на дворот, биле однесени пред Аминта, барајќи од него да му даде земја и вода на кралот Дариј. А, Аминта не само што им го дал тоа што го побарале, туку, исто така, ги поканил на гозба и пир кај него, по што наредил трпезата да биде обилна и величествена, а потоа ги забавувал на гостољубив и пријателски начин.

Штом завршиле со оброкот и почнале да пијат, Персијцете рекле: “Мил Македонец, ние Персијците имаме обичај кога правиме голема гозба и пир, на маса со нас да седат нашите сопруги и конкубини. Штом ти не прими толку љубезно и не нагости толку убаво, а што е уште поважно му даде земја и вода на кралот Дариј, спроведи го, исто така, и нашиот обичај.”

Тогаш Аминта одговорил: “О, Персијци! Ние немаме таков обичај; кај нас, мажите и жените седат одделно. Сепак, бидејќи вам, кои сте наши господари, така сакате, и тоа ќе ви биде удоволено.”

Продолжува 

Пишуваат:

1slave5РИСТО СТЕФОВ И

1slave6СЛАВЕ КАТИН