Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, денеска и утре учествува на Белградскиот безбедносен форум (Belgrade Security Forum) на покана на Белградскиот центар за безбедносни политики како дел од организаторската тројка.
Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, Димитров ќе биде говорник на панелот „Берлински процес – Што следи?“.
-Вицепремиерот Димитров, заедно со претставниците на Европскиот парламент и тинк-тенк секторот, ќе се осврнат на актуелните прашања во врска со резултатите од Берлинскиот процес и исполнувањето на очекувањата, како и идните можности за искористување на оваа платформа за регионална соработка и европска интеграција на регионот, соопшти СЕП.
Панелот на кој се обрати Димитров е утре со почеток во 15 часот.