НАТПРЕВАР ЗА СИГУРНО ПРВО МЕСТО

По поразот од Мец, ракометарките на Вардар имаат нова прилика да се зацрстат на првата позиција во групната фаза од Лигата на шампиони. Имено вечерва во салата “Јане Сандански”, вардарки ќе го пречекаат германскиот Битигхајм, кого во Германија го совладаа со 38-26. Освен што се квалитативно подобри, олеснителна околност за “црвено-црните” е и тоа што противникот во Скопје доаѓа со само 10 ракометарки,. од кои два голмана и три пикера.

-Треба да одиграме добро и максимално сериозно. Првиот натпревар го добивме со голема разлика, меѓутоа првиот дел воопшто не беше лесен. Мораме да го вратиме победничкиот дух и да останеме на првото место-изјави тренерот на Вардар, Ирина Дибирова.