Република Бугарија и Република Северна Македонија ќе соработуваат и во областа на земјоделието

Советот на министри го одобри нацрт Меморандумот за разбирање меѓу Министерството за земјоделие, храна и шумарство на Република Бугарија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија за соработка во земјоделството, земјоделските науки, руралните области и шумарството, соопшти прес -центарот на привремената влада.

Документот е основа за продлабочување на соработката меѓу двете министерства преку размена на научни и технички информации, трансфер на експертиза, споделување на добри пракси и развој и имплементација на заеднички истражувачки програми.

Двете земји, исто така, ќе соработуваат во областа на органското производство и преработка на органски земјоделски производи, биотехнологиите во растително и добиточно производство, селекцијата и размножувањето во сточарство, како и прекугранична соработка во областа на руралните области.

 

One thought on “Република Бугарија и Република Северна Македонија ќе соработуваат и во областа на земјоделието

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *