Максималниот број население што еден антички град можел да издржи зависел од способноста на земјата да го издржува истото. Ако едно семејство не можело повеќе да заработува за живот поради тоа што се зголемило, тоа или целото се селело на друго место или се делело на помали делови.
Некои членови на семејството се иселувале во помало гратче или започнувале нова заедница на друго место. Новоформираните градови обично биле именувани според името на семејството-основач.
Да се води евиденција за генеалогијата/родословието, било многу важно поради неколку причини. Големината на семејството обично го диктирала општествениот статус во заедницата. Семејната задруга ги штитела членовите на своите семејствата и за возврат очекувала одредена лојалност од нив.
Склучувањето бракови помеѓу членови на семејствата било одбегнувано поради тоа што се знаело кој член на кое семејство припаѓа. Во тоа време било вообичаена практика младите момчиња да го напуштат своето семејство, да се оженат и да станат зетовци во други семејства. Врз основа на антички записи, да се биде зет имало свои привилегии, вклучувајќи ја и онаа да се води војна со други зетовци за контрола врз семејството.
Бидејќи балканското земјиште не дозволувало издржување на униформен пораст на населението, група населени места обично се развивале во поголеми градови на плодни низини, опкружени од помали градови на ридовите. Како што постарите населени места растеле и созревале, така тие почнале да тргуваат со другите населени места и развивале сообраќајни патишта, трговија и писмен јазик.
Тие, исто така, разбиле и централна администрација, безбедносни сили и именувале централни племенски водачи кои со времето прераснале во племенски кралеви. Со развојот на трговијата надвор од границите на локалната заедница, античките народи дошле во контракт со други народи кои имале нови идеи и иновации.
Со откривањето на металот, биле изработувани моќни оружја, а со тоа крвопролевањето и уништувањето не биле многу далеку. Дури и семејните препирки за ситни нешта се 32 претворале во жестоки и немили сцени. Едно општество кое ги вреднувало сродството и семејството над се друго, имало тенденција да остане здружено, и слободно и мирољубово да влијае на други општества. За жал, околу 1200 година пред Христа нешто страшно тргнало наопаку и избувнала војна меѓу различни групи семејства, што донело четири века смрт и пустош за мирољубивиот народ на предисториска Македонија.
Документирани, но не добро сфатени, се античките “роднински и семејните врски”. Сродството, односно роднинските врски биле многу важни за античкиот народ на Македонија и тие ги рангирале на прво место во својот систем на вредности. Добар пример за ова се браковите на Филип II со различни жени од световите што тој ги присвоил. Браковите биле моќен симбол за осигурување на семејните врски и за ковање моќни сојузи. Оваа традиција можеби денес изгледа бизарна, но тоа била вообичаена практика во античка Македонија.
Од културолошко и лингвистичко гледиште, блиската поврзаност помеѓу античките општества овозможила интеракција, т.е. заемно дејство помеѓу различни народи и ги зачувала нивниот јазик и култура од измени. На ова може да се припише раширеното споделување на заеднички својства и карактеристики на словенскиот јазик на што денес сме сведоци.
До овде, дадовме еден краток поглед врз остатоците на еден стар предисториски свет со богата култура и јазик. Изворите на информации на кои се повикуваме обезбедуваат вредни докази за постоењето на еден свет кој никогаш порано не бил признат. Исто така, дешифрираните написи и преведените текстови не само што сугерираат дека постоела предисториска цивилизација, туку, исто така, дека народот на тој стар свет се предци на современите Македонци.
Некои од артефактите, како, на пример, написите на камен и преводите на “Илијада”, откриени се и дешифрирани почнувајќи од 90-тите години од минатиот век, но до денес не го свртеле вниманието на вообичаената археологија и палеолингвистиката. Зошто?
Македонска фаланга
Мисламе дека постојат неколку причини за ова:
1. Постојат луѓе кои мислат дека работава не е доволно сериозна за да се ангажираат истата да ја земат предвид.
2. Други, особено високо платени администратори, се задоволни со состојбата на status quo и не сакаат да ја влошат состојбата.
3. Сепак, некои мислат дека било какво вклучување од нивна страна може да ја минира целата основа на античката историја, онака како што ние ја знаеме денес.
4. За жал, има и такви, во кои спаѓаме и ние, кои мислат дека нормалната античка историја каква што ја знаеме денес, била фабрикувана за да се поддржат политичките цели на големите сили и нивните сојузници од XIX век.
Како што Џорџ Орвел /George Orwell/ еднаш нагласил: “Оној кој го контролира минатото, ја контролира иднината; кој ја контролира сегашноста, го контролира минатото”. Историјата ја пишуваат победниците.
Како што е претходно споменато, кога основата на античката историја била поставена од страна на ревизионистите од XIX век, тоа било сторено за да се помогнат политичките цели. Современа Грција била создадена експресно од страна на Западните сили за да ја смалат експанзијата на Словените. Уште повеќе, Грција била создадена да ги подели Словените и да ја спречи Царска Русија да ја постигне својата амбиција за пловните води на Средоземното Море.
Во својата ревност да ги задоволат своите амбиции, Големите сили од XIX век, можеби без нивно знаење во тоа време, отпочнале едно “балканско премрежје” кое ќе има долготрајни последици за балканскиот народ.
Кога Западните сили вештачки ја создале Грција во 1829 година, ја лансирале на еден полемичен курс: нејзиниот опстанок да биде единствено можен на сметка на македонскиот народ. Проблемите што се случуваат помеѓу Грција и Македонија денес, не се ништо ново освен уште една фаза во една континурирана и вечна борба.
Грција, Бугарија и Србија генерираат повеќе литература за да го оспорат постоењето на една македонска држава/нација отколку што имаат напишано книги за својата сопствена историја. Тоа, навистина, е тажно, а и толку многу залудно вложен труд.
Продолжува
Пишуваат:
РИСТО СТЕФОВ И
СЛАВЕ КАТИН