На покана на членот на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ, делегација од Северна Македонија предводена од претседателот на Бошњачкиот демократски сојуз, Мунир Колашинац, вчера присуствуваше на комеморацијата и колективниот погреб на жртвите во Меморијалниот центар Поточари во Сребреница.
Во состав на делегацијата беа и претседателот на Бошњачкиот национален совет Џевад Хот и д-р Фехим Хусковиќ, информираат од Бошњачки демократски сојуз.