Во Воведот на публикацијата „Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“ , меѓу другото, се вели дека “Врз оваа лажна аналогија, целата грчка историја сега смело се реконструира како неопходен развоен процес што сосема природно води 12 кон една единствена цел: обединување на грчкиот народ под македонско раководство”. (Вернер Јегер / Werner Jaeger)
Да го парафразираме Еуген Борза – тоа била динамична идеја во умовите на германските интелектуалци и политичари од XIX век да видат нешто од самите себе, од соединувањето на германската држава, освојувањата, креативноста и културата кај Грците и Филип, како отелотворение на националната волја и унификатор на Грција.
Со други зборови, античката историја напишана за модерните Грци од страна на германските научници од XIX век, не е ништо повеќе отколку германска визија на “славното” германско обединување надредено, односно ставено врз грчкиот модел.
За Демостен и за другите како него, Македонците биле непријател кој ги освоил и потчинил нив, отелотворувајќи се’ што било одвратно и вредно за презир. Игнорирајќи ги сите знаци на една богата и цивилизирана култура што не може да се замисли, модерните грчки научници го кријат вистинското лице на античка Македонија под превезот на подлите зборови изречени од непријатели и огорчени политичари.
Денешниве Грци сакаат да ги претстават критиките на Демостен кон Филип II како политичка реторика, а сепак Демостен бил двапати наименуван да ги предводи воените напади на Атина против Македонија. Тој, Демостен, рекол за Филип дека: “Филип не е Грк, ниту пак е поврзан со Грците, туку потекнува од Македонија каде човек не може да купи ниту пристоен роб“.
Набрзо по неговата смрт, Атињаните му оддале соодветна почит со поставување бронзена статуа и со издавање декрет дека најстариот член на неговото семејство треба да биде издржуван на државен трошок во јавната зграда (која била место за состанување). На основата на неговата статуа изгравирана е неговата позната посвета:
“Ако твојата сила беше еднаква на твојата мудрост, Демостене, тогаш Грција никогаш не ќе беше управувана од еден македонски Арес.” (Ј. Т. Грифит / J.T. Griffith) Грција “владеела” не “обединета” од страна на македонскиот Арес. Освен тоа, зарем не бил тоа грчкиот филозоф Ликургус 13 (Lycurgus) кој рекол дека: “Со смртта на Хиронеја/Chareonea/ била закопана и слободата на Грција”?
Читателот треба да биде свесен дека зборот “Грк” е латински израз што потекнал во римското доба и не треба да се користи при именување на народот кој постоел стотици години порано. За да се исправи оваа историска грешка, ќе го користиме изразот “градови-држави” наместо “Грција” онаму каде што тоа е соодветно.
Народот на античките градови-држави не е можно да се нарекуваат “Грци” пред фактички тој збор да биде измислен. Исто така, во публикацијата „Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“се вели декамодерните грчки академици се повеќе спремни да интерпретираат двосмислени докази кога тоа им служи на нивните политички интереси, а, истовремено, да ги отфрлат очигледните докази кога тоа не им е во интерес.
Ако сакате да научите нешто повеќе за разликите помеѓу “античките Грци” и “античките Македонци”, ве молиме да ја прочитата книгата на Џозеф С. Г. Гандето/ Joseph S. G. Gandeto/ “Античките Македонци, разликите помеѓу античките Македонци и античките Грци” /Ancient Macedonians, Differences Between the Ancient Macedonians and the Ancient Greeks/.
Не постои ниту еден збор ниту факт напишани од антички автори кој покажува дека Македонците се Грци.
„Не постои ниту еден напишан збор ниту факт според кој Македонците себе си се сметаат дека се Грци. Не постои ниту една единствена книга напишана од антички автори, вклучувајќи ги и античките грчки автори, која го измешала потеклото, а не ги покажува разновидните разлики помеѓу Македонците и Грците.” (Јосиф Гандето).
Од појавувањето на Република Македонија во 90-тите години од минатиот век, истражувањата во областа на археологијата драматично се зголемија, но, главно, во Република Македонија. Исто така, полека излегуваат на површина нова македонска литература и побликации кои со време сигурно ќе обезбедат алтернатива на огромните, пристрасни грчки извори.
Што се однесува до јазикот, од текстовите на Ариан, Плутарх и на Куртиј Руф (Arrian, Plutarch и на Curtius Rufus) очигледно е дека војската на Александар зборувала на македонски, а не на грчки јазик. Секакво друго толкување би било неиздржливо тешко, ако не и невозможно, да се прифати.
“Главниот доказ дека македонскиот јазик постоел како посебен јазик доаѓа од многубројните најнови извори кои ги опишуваат настаните во текот на обуката на Александар Македонски (Велики), во кои македонскиот јазик специфично се споменува. Доказите наведуваат дека македонскиот јазик се разликувал од обичниот атички јазик (јазик на античките Атињани) што се користел како јазик во судовите и во дипломатијата. Грстот вистински македонски зборови кои опстанале, непозјамени зборови од грчкиот јазик, не ги покажуваат промените што се очекуваат од еден грчки дијалект.” (Еуген Борза).
Има многу научници кои би аргументирале дека постојат изобилни докази според кои античките Македонци може да се вбројат како посебен народ со единствена култура и јазик, што се разликува од народот на античките градови-држави. За жал, се’ до неодамна имаше мал интерес и не така голем поттик овој аргумент да се изнесе надвор од дискусија.
Ако античките Македонци биле посебен народ, тогаш од каде дошле? На каков јазик зборувале? Дали било каков дел од нивниот јазик опстојал? Каква им била културата? За да одговориме на овие прашања, треба да избегнеме да останеме заглавени од конфликтните аргументи. Треба да избегаме од добро изгазената вообичаена патека, да се ослободиме од пристрасните модерни грчки извори и да земеме нов и чист поглед кон старите и новите докази, особено кон доказите кои во минатото се испуштени или намерно заобиколени.
Наше уверување е дека аргументите презентирани од страна на грчките историчари не само што се пристрастни и политички мотивирани, туку дека и така се скроени за да го заглават академскиот свет и да го држат истиот во дефанзива, загушувајќи ги на тој начин сите можности и изгледи за вистински напредок. На тема на нови археолошки и лингвистички докази, има бројни проекти започнати уште во 60-тите години на минатиот век.
Едно големо археолошко откритие е она од 1977 година во Кутлеш (Vergina), околу 53 км северно од планината Олимп. Археолозите откриле кралска гробница (Големата тумба) што изгледа дека е на Филип II. Освен што се добиле бројни информации за Македонците, со откритието, исто така, е “ископана” и голема полемика.
Каменот од Розета Клеопатра
Некои од пронајдените артефакти, според Еуген Борза, припаѓаат на подоцнежниот периодот од VI век пред Христа, што фрла извесен сомнеж за тоа дали тоа е вистинската гробница на Филип II. Но, она што е уште позначајно е видот на богатството најдено во гробницата.
Богатството е физички доказ кој “непогрешливо докажува” дека Македонците не биле вараварско племе чие единствено достигнување било да водат војна. Археолозите откриваат се’ повеќе докази дека Македонците биле многу пософистицирана култура отколку што претходно се мислело.
Она што е најимпресивно кај ова откритие, покрај цврстиот златен ковчег со симболот на зраци што излегуваат од еден центар, е извонредниот венец обложен со злато, направен од 313 златни дабови ливчиња. Тоа е најтешкиот и најелегантниот златен венец што било кога бил откриен.
Во публикацијата „Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“ се вели дека со појавувањето на Република Македонија, направени се нови и возбудливи археолошки откритија. Најдени се записи на камен, кои никогаш порано не биле дешифрирани, во неколку градови во Република Македонија.
Слични записи се, исто така, пронајдени во Србија, Бугарија, Романија па дури и на Крит, Пил и Кносос /Pil, Knosos/. За жал, се’ досега археолозите никако не успеале логично да ги дешифрираат истите. Благодарение на посветените археолози, како Васил Иљов, некои од записите се сепак дешифрирани.
Според палеографското и палеолингвистичкото истражување на Иљов, знаците на камењата се всушност букви од една стара предсловенска фонетска азбука која припаѓа на македонскиот јазик на Егејска Македонија. Со други зборови, јазикот на Пелазгите и на другите македонски племиња, како Пеонците, Пертијците, Бригите или Фригите, Венетите или Енетите, (Paeonian, Piertian, Brygian, Phrygian, Venets or Enets) итн., е всушност јазикот на античките Македонци кој датира од предисториско време.
Симболите најдени на преведски /Prevedic/ соларни и космографски артефакти кои припаѓаат на мезолитската, неолитската и енеолитската култура, ги сместуваат записите некаде помеѓу 7.000-та и 3.000-та година пред Христа (Стр. 37, 15.10.1999, број 560 на списанието “Македонија”).
Продолжува
Пишуваат:
РИСТО СТЕФОВ И
СЛАВЕ КАТИН