Признание за Ерхард Бусек за меѓународна промоција на Северна Македонија

Специјално признание за исклучителен придонес во меѓународната промоција на Република Северна Македонија му е доделено на  Ерхард Бусек, поранешен австриски вицеканцелар и координатор на Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.  Признанието на Бусек денеска во рамки на „Преспа форум за дијалог“ во Отешево му го врачи министерката за образование и наука Мила Царовска.

– Од името на Владата и Министерството за надворешни работи на Северна Македонија ви го врачувам ова признание и искрено ви се заблагодарувам за вашата безрезервна, посветена и силна поддршка што ја дадовте и сé уште ја давате на нашата земја. Ние, помладите генерации политичари, треба да го следиме вашиот пример и да учиме од вашето богато искуство, со што ќе придонесеме за силно партнерство и заеднички напредок на регионот, рече Царовска при врачувањето на признанието.

Бусек е еден од силните поддржувачи на ЕУ-интеграцијата на земјите од Западен Балкан. Беше координатор на Југоисточната иницијатива за соработка и претседател на Институтот за Дунавскиот регион и Централна Европа.

One thought on “Признание за Ерхард Бусек за меѓународна промоција на Северна Македонија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *