Бизнис панел на Преспа форум: Побрз развој и интергација на регионот преку држави без царини и без тарифи

Во регион со 80 милионин жители потребно е да разговараме за градењето на нашата иднина заедно. Регионалната конкурентност ќе ја зајакне отпорноста на региоинот и ќе донесе просперитет за нашите граѓани. Создавањето на заеднички пазар на трудот, ќе донесе просперитетна иднина на економиите и истовремено ќе ги подготви за влегување на висококонкурентниот европски и глобален пазар.

Ова го истакна вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на сесијата за економија и бизнис насловена „На патот кон подобра поврзаност и интегриран регионот – Кој е ризикот? Како да стигнеме таму?” во рамки на Првата меѓународна конференција на „Преспа форум за дијалог“ во Охрид.

На форумот се обрати и министерот за финансии Фатмир Бесими се осврна на влијанието на пандемијата  од Ковид 19, која рече имаше и позитивни ефекти во градењето на свеста на национално и регионално ниво дека за справување со неа потребен е глобален заеднички одговор.

-Иако имаше мало задоцнување, дадовме релативно добар одговор на самиот Ковид, тоа беше така затоа што сите меѓунартодни организации беа респонзивни, соработуваа, а политиките што се спроведуваа беа заеднички. Ова е јачината на заедништвото и ова е тоа што го очекуваме од оваа конференција, размена на мислења и гледања за иднината, како да стигнеме таму. Патот до таму  води преку зајаканата соработка и слободен проток, рече Бесими.

Мајлинда Брегу генерален секретар на Советот за регионална соработка (РСС) на форумот обраќањето го почна со среќен 1 јули, поздравувајќи го укинувањето на роамингот за телефонски разговори, СМС пораки и интернет меѓу Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина. Се осврна на формирањето на заедничкиот регионален пазар по моделот на пазарот на ЕУ втемелен на четирите основни слободи( на капитал, стока, услуги и пари), на дигиталната агенда како и на Зелената агенда и зелената економија процеси кои треба да бидат помогнати од ИПА 3.

-Енергетскиот систем на Западниот Блакна зависи од јагленот каде повеќето од термоцентралите се стари, а 16 такви централи загадуваат многу повеќе од 250-те кои се на територијата на ЕУ. Јасно е дека земјите ќе треба да издвојуваат многу финансии за да се затворат тие рудници на јаглен. Но нејасно е каде ќе ги најдеме тие пари за овој процес на декарбопнизација за што се проценува дека на ЗБ ќе му  требаат околу 38-40 милијарди. Потребно е и менување на структурата на економиите на регионот и хармонизација со пазарите на ЕУ како и повеќе зелени кредити, рече Брегу.

Антони Пешев на сесијата во контекст на придобивките за бизнис секкторот од зајакната регионална соработка ја нагласи коморската соработка која вели придонесе за побрз развој и интергација на регион, преку градењето темелите за држави без царини и без тарифи. Како илустрација посочи дека во периодот од 2014 до 2019 година регионалниот БДП пораснал за 22,8 проценти до 1,7 милијарди во 2019, вкупните инвестиции пораснале на 35 милијарди евра, а БДП по глава на жител е зголемен  за 31 процент но сепак, вели, е многу понизок од просечното ниво на ЕУ.

-Се надевам дека владите и политичките авторитети ќе ја препознаат важноста на регионалната сорабптка и унификацијата на целиот регион со создавање на регион без граници и без конфликти. Ова е еинествениот начин со кој овој де факто географски дел од Европа ќе стане и вистински дел од ЕУ, нагласи Пешев.

Воведно обраќање на бизнис панелот имаше Метју Палмер заменик-помошник државен секретар на САД.

Меѓународната конференција „Западен Балкан: делот што недостига за Европа да биде целосна” се одржува денеска и утре во Охрид и Отешево со учество на околу 300 учесници, високи домашни претставници, но и високи претставници на Европа и САД, меѓу кои премиери, претседатели, министри, генерални секретари на меѓународни организации, европратеници, претставници на граѓанскиот сектор.